Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Прилози

Бошков за Алфа: Азискиот пазар е нова можност за извоз на македонските производи

Азискиот пазар е нова можност за извоз на македонските производи. Во време…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Азискиот пазар е нова можност за извоз на македонските производи. Во време на глобална криза, азиските компании се заинтересирани за поблиска соработка со македонските. Целта е излез на пазар од 15 до 20 милиони конзументи кои треба да бидат опслужени со македонски производи.

„Ова е релативно нормален пазар. Не се големи бројки. Нашите компании некогаш, во поранешната држава, биле дел од таа бројка на клиенти, конзументи, пазар и еве сега можности и со оваа соработка повторно да се освои еден таков пазар, меѓутоа треба добро да се размисли кога ќе се вети дека мора да испорачаме одредена бројка или количина на производи“, изјави Миле Бошков, претседател на конфедерација на работодавачи..

По посетата на саемот во Тајпеј од страна на Бизнис конфедерацијата на Македонија, заклучокот е дека македонските производи се со повисок квалитет од тие што се продаваат таму. Пазарот е посебно заинтересиран за македонската традиционална храна, како ајварот, пинџурот, лутеницата и македонското вино. Во следните неколку месеци македонските компании ќе бидат запознаени со барањата од Тајпеј, а тоа се зголемување на капацитетите за производство, подобрување на стандардите за квалитет и сигурно ќе биде потребна и реорганизација на компаниите.

Реклама

„Крајот на 2026 година и почетокот на 2027 година, за време на првите бизнис форуми, ќе ги претставиме македонските производи кои мислиме дека можат да бидат дел од крајната потрошувачка или од заедничкото производство и заедничката продажба“, изјави Миле Бошков, претседател на конфедерација на работодавачи.

Според Бошков, македонските компании со кои се разговарало побарале цврсти преддоговори за да можат да ги приспособат нивните капацитети за отворените нови пазари. Тие се претпазливи, а според предвидената динамика, првите средби ќе се остварат есенва, на првиот бизнис форум во Македонија. На почетокот на следната година во Тајпеј би се склучиле партнерствата за идната евентуална соработка.