Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Борба со огнената стихија: пожарот кај Струмичко Водоча директно се заканува на куќите

Борбата со огнот продолжува – најмалку 11 активни пожари на отворен простор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата со огнот продолжува – најмалку 11 активни пожари на отворен простор. Во моментов регистрирани се вкупно 20 пожари, од кои 3 се под контрола и 3 се успешно изгаснати. Најалармантен е пожарот во Струмица во близина на селото Водоча. Сериозна закана се пожарите и кај Општина Студеничани – во насока на планинското село Цветово, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото Никуштак, во Општина Врапчиште – кај село Ломница, Општина Желино – село Церово, во Општина Тетово – кај село Бродец и Општина Прилеп – кај село Бонче, Коњари и Мажунчиште.

„Имаме појава на повеќе тешки пожари кои што избувнаа во текот на денешниот ден. Најалармантен е пожарот во близина на Струмица во селото Баница и Водоча, кој што се заканува на селските куќи од првиот ред. На лице место се пожарникарите од Струмица, побарав итна помош од пожарникарите од Валандово и Радовиш.“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

На терен се ангажирани противпожарни екипи од повеќе општини, а во справувањето со пожарите се вклучени и пирпадници на Армијата, воздухопловните сили и локалното население. Високите температури, сушната вегетација и засилениот ветер дополнително го отежнуваат справувањето со огнените жаришта и го зголемуваат ризикот од нивно брзо  ширење.

Реклама

„Овој пожар зад мене кој што се шири високо по ридиштата, гори неквалитетна шума, грмушки, трња, но може да ги загрози овие лозја кој што се зад мене. Пред малку зборував со командирот на тетовските пожарникари, кој ќе испрати овде екипи во одбрана на овие лозја и имот позади мене.“, посочи Ангелов.

Во текот на август, токму централните и јужните делови од земјава беа најпогодени од пожарите, при што беа зафатени големи површини на шуми со ниска вегетација. Од Центарот за управување со кризи повторно апелираат до граѓаните на максимална внимателност и свесно однесување при движење и престој на отворен простор.