Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Болниците во долгови – милионски минуси и сериозни злоупотреби во здравствениот систем

Јавашлукот, недомаќинското работење и расфрлањето со пари кое траело со години ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавашлукот, недомаќинското работење и расфрлањето со пари кое траело со години ги удави болниците во долгови кои се бројат во милиони евра. Првиот човек на Фондот за здравство, Клековски, вели дека кога дошол на позицијата, затекнал хаотична состојба и вкупен долг од над 80 милиони евра. Сега болниците од внатрешноста значително ги намалија долговите, но проблем е скопскиот Клинички центар, каде клиниките си должат една на друга.

Најголем долг сѐ уште имаат Ургентниот центар, клиниките за онкологија и педијатрија. Онаму каде долговите се на повисоко ниво, потешко се планираат потребите за лекови и за интервенции, вели Клековски, кој зборуваше и за утврдени неправилности во работењето кај 14 јавни здравствени установи. Дополнително, кај 18 биле констатирани и неправилности во исплатата на платите. Онаму каде е констатирано самоволно зголемување на платите, сега ги враќаат парите кои неоправдано ги зеле.

„Сѐ уште имаме чести наоди на прекршување во тој дел. За пресметување на плати, некогаш на штета на болницата, некогаш на штета на вработените. Тој дел сѐ уште генерално не функционира како што треба. Од две клиники веќе има враќање на парите назад што биле вишок исплатени“, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство.

Реклама

На дел од раководните структури им преседна директорувањето и завршија со лисици на раце. За детектираните сериозни злоупотреби во неколку болници, одговорност мора да има. Клековски го повика Јавното обвинителство да постапува по нив.

„Во основа, да, имаме санкционирање. На пример, во Општата болница во Прилеп има кривични пријави и веќе обвинителни акти и притвори за над десетина лица за злоупотреба на благајната и за лажни набавки на услуги кои никогаш не биле извршени. Имаше и други директори кои беа уапсени заради различни ситуации и се работи на повеќе предмети, бидејќи одговорност мора да има“, вели Клековски.

На почетокот на годинава Клековски посочи дека има значителен број злоупотреби на боледувањата. Работиме, вели, на ревизија на критериумите за боледување, при што е неопходно да постигнеме баланс меѓу потребата за лесна достапност до боледување за оние што имаат потреба, а од друга страна да ги спречиме злоупотребите.