Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Бојковска: Загрижувачки е тоа што Петровска уште стои на ставот и покрај добиената пресуда за ширење на лажни наводи и клевети кон Мицкоски

„Мислев дека после онаа пресуда која ја видовме во јавноста, дека во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Мислев дека после онаа пресуда која ја видовме во јавноста, дека во најмала рака ќе добиевме извинување од пратеничката бидејќи во самиот статус кој е пишан укажува на сериозни индиции на тоа дека премиерот сегашен е вклучен во организирање на некакво си препукување, мафијашка организација, тоа се сериозни индиции и јас исто така би сакала да прашам дали пратеничката сè уште стои на истиот став? Видов дел од коментарите на самата објава и во јавноста коментар зошто рочиштето завршило во едно рочиште. Ние и двете сме правнички па знаеме дека обично доколку нема докази истото може да заврши во едно рочиште“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска.

Бојковска продолжи и истакна дека ја загрижува тоа што пратеничката Славјанка Петровска уште стои на ставот.

„Но, она кое мене ме загрижува е тоа што пратеничката стои на ставот очигледно, бидејќи кажа дека ќе настапи со жалба и тоа укажува на ставот дека стои на она што беше кажано во јавноста и дека стои зад вистинитоста за она кое го зборува. Па јас би сакала директно да ве прашам дали сè уште стоите зад она кое го кажавте во јавност и дека оние наводи кои ги кажавте се вистинити?“, вели Бојковска.

Реклама

Бојковска потенцираше дека очигледно можеби има злоупотреба на некакви информации за кои тврди пратеничката дека се вистинити.

„Искажуваме сериозна загриженост и жалење бидејќи ова го кажува поранешен министер за одбрана и навистина е загрижувачки. Јас да сум на местото на Јавниот обвинител може да би ја викнела пратеничката на разговор бидејќи е личност која има информации до военото разузнавање и информации кои се доверливи и сега гледаме дека може истапува и во јавноста со некакви докази кои тврди дека се вистинити по пресудата која ја добивме и се работи за лажни наводи и ширење на клевети“, заклучи Бојковска.