Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70 отсто, а пензиите за цели 325 отсто, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност

Денеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните. Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеничката Драгана Бојковска.

Ајде да направиме директна споредба. Во јуни 2017 година, кога СДСM дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.800 денари. До мај 2024 година, таа порасна на 41.250 денари. Тоа значи дека за 84 месеци, односно за седум години, просечната плата се зголемила за нешто над 18.400 денари, во просек, тоа е раст од околу 220 денари месечно.

Сега да видиме што се случува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше околу 40.900 денари, а во мај 2026 година достигна над 49.500 денари. За само 23 месеци, просечната плата е зголемена за околу 8.600 денари. Тоа е просечен месечен раст од над 370 денари, односно околу 70% побрз раст, во споредба со периодот на владеење на СДСM и ДУИ.

Но разликата не се гледа само кај платите, таа е уште појасна и поголема кај пензиите.

Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари. Во мај 2024 година таа достигнала над 22.900 денари. Што значи, за седум години, пензијата се зголемила за скоро 7.700 денари, односно во просек растела за над 9 денари месечно.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, просечната старосна пензија во јули изнесувала 22.850 денари, која во мај 2026 година достигна над 29.700 денари. Тоа е зголемување од над 6.800 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од околу 300 денари, што значи дека месечниот раст на старосната пензија во периодот на оваа Влада е околу 325% поголем во споредба на периодот на претходната влада на СДСM и ДУИ.

Ова е разликата меѓу политики што носат резултати и политики што остануваат само на зборови.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е повисоки плати, повисоки пензии, повеќе инвестиции, повеќе работни места и повисок животен стандард за сите граѓани и во таа насока, уште попосветено ќе продолжи да работи.