Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Бизнис

Бојкотот е разбирлив и за владата и за бизнисот, решението го гледаат во дијалог меѓу производителите и продавачите

Мора да има дијалог за да има решение, бојкотот и револтот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мора да има дијалог за да има решение, бојкотот и револтот од граѓаните е разбирлив и за владата и за бизнисот. Првиот човек на стопанската комора вели дека го поддржува бојкотот кој е сериозен показател дека мора да има постојан  разговор  помеѓу производителите и продавачите за да се постигне резултат, во спротивно ваквите бојкоти ќе станат секојдневие

Кај нас таков дијалог се одвива постојано, настојуваме да се спречи секаков потрес меѓу нив за да не се одразува врз стандардот на граѓаните. Овие нови форми и методи на вакви активности преку социјалните мрежи ќе станат секојдневие и ние треба да ги почитуваме и да ги поддржуваме, но тоа треба да биде и знак за сериозен разговор што ќе доведе до решение, рече Азески.

Дел од економските оператори ја злоупотребуваат својата положба, вели премиерот Мицкоски. Тој потенцира дека е неразбирливо како одредени производи кај нас се поскапи дури и двојно отколку во други држави, и тоа не само во маркетите туку и во аптеките и во продавниците за бела техника. Владата се труди да го испорача она што го бара бизнисот , се преговара за намалување на парафискалните давачки, намалување на царински ставки, се подготвува терен за инвестиции.

Реклама

Мора да признаам дека има некои економски оператори кои ја злоупотребуваат својата положба на пазарот. За мене, пред се како граѓанин, е нелогично исти производи во маркетите кај нас да бидат со исти или повисоки цени од маркетите во соседството или исти лекови кај нас да се два до три пати поскапи или бела техника, не може кај нас да биде до 50 отсто поскапо. Како човек е логично да изразам разбирање за постапката на граѓаните, но и како премиер. Не можам само да седам на страна и само да набљудувам, истакна Мицкоски.

Трговците производителите и дистрибутерите се на „проверка“ од пазарниот инспекторат и од антимонополската комисија. Инспекторите од вчера се на терен, откако Премиерот побара вонредни контроли, се прибира документацијата во изминатите шест месеци. Антимонополска проверува дали се почитува законот за нефер трговски практики кој треба да стави ред во трговијата. Владата упатува јасна порака – манипулации не се дозволиви.

Кога станува збор за пари и финансиски трансакции, се останува вечно. Тоа значи дека на пример можеме и по 12 месеци да направиме контрола и доколку утврдиме неправилности, ќе следуваат казни. Затоа апелирам до сите компании во државата да се почитуваат законите бидејки во некој момент некоја од институциите ќе излезе на терен и ќе направи контрола по што ќе следат драконски казни, изјави Димитриска-Кочоска.

За опозицијата крива е Владата. Лидерот на СДСМ Венко Филипче од Хрватска изјави дека власта била одговорна за формирањето на цените и требало да се грижи за граѓаните

Навистина загрижува ноншалантноста и незаинтересираноста на Владата да преземе некакви мерки. Дури со одреден цинизам би рекол, ги поддржуваат граѓаните да протестираат, а всушност протестот на граѓаните, освен за високите цени и кон маркетите, треба вистински да биде насочен кон Владата, поради тоа што таа е одговорна за формирањето на цените, изјави Филипче.

Послабата посетеност во маркетите беше видлива на терен, сепак официјални информации за тоа за колку паднала продажбата денеска во однос на минатиот петок и во однос на вчера од УЈП најавија за време на викендот.