Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Богеска: Министерството за здравство да продолжи да ги врши надлежностите што ги има Стоматолошката комора до нови легитимни избори во Комората

Судот поништи верифицирани мандати на делегати членови на Собрание на Стоматолошка комора,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судот поништи верифицирани мандати на делегати членови на Собрание на Стоматолошка комора, Иницијативниот одбор и Министерството за здравство се во право, истакна денеска на прес-конференција, доктор Дафина Богеска од Прилеп, член на Стоматолошка комора, подносител на тужба.

– Денешната прес-конференција ја свикавме со цел да ја информираме јавноста како и стоматолошката фела за последните случувања поврзани со Стоматолошката комора. На 29 септември добивме решение од суд, т.е. пресуда, судска одлука што ги поништува верифицираните мандати на избраните делегати, членови на Собранието на СКМ, вклучително и мандатот на нелегитимниот претседател Маријан Денковски. Водејќи се од постоечкиот статут и правилници, оваа одлука значи дека актуелниот претседател не е легитимен претседател на Комората, бидејќи споменатите правни акти условуваат дека можеш да бидеш избран претседател на СКМ единствено, потенцирам единствено, ако си верифициран делегат, рече Богеска. 

Таа подвлече дека оваа пресуда е исто така потврда, сериозен показател дека сите преземени дејства од страна на Иницијативниот одбор, како и Министерството за здравство се оправдани. 

Реклама

– Сѐ што сме говореле сме биле во право. Го повикуваме нелегитимниот претседател, Денковски, да престане да ги злоупотребува ресурсите со коишто располага СКМ и што припаѓаат на сите стоматолози, како и да престане со незаконските дејанија, а пак институциите на системот да продолжат да вршат активности што се во нивна надлежност, сѐ со цел нормализирање на состојбите. Комората припаѓа на сите стоматолози и конечно ќе може тоа во пракса да биде остварливо, истакна Богеска. 

Притоа, додаде, Министерството за здравство да продолжи да ги врши надлежностите што ги има Комората. 

 – Сѐ со цел непречено одвивање на процесите, сѐ до моментот на организирање на нови легитимни избори во СКМ, што се неопходни во ваква ситуација, а ќе се реализираат на законски и транспарентен начин, достоинствен за стоматолошката фела, нагласи Богеска. 

Пред присутните се обрати и доктор Амела Цана од Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“, која рече дека е делегат исфрлен од Стоматолошка комора, поради тоа што, како што истакна, различно мислела од Претседателот.