Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Бледа сенка на Зоран Заев или прав лидер на партија: Ќе донесе ли Венко Филипче подбри денови за СДСМ или пропаѓање во жив песок?!

Министер за здравство за време на големата трагедија со модуларната болница во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министер за здравство за време на големата трагедија со модуларната болница во Тетово, еден од најблиските пријатели на Зоран Заев, а според многумина и негов личен избор за претседател на партијата. Колку Венко Филипче е профил на политичар кој може да ја врати СДСМ на старите патеки и оваа партија повторно да биде некаква закана за актуелната владејачка гарнитура.

Според познавачите сегашните раководни структури кај социјалдемократите, немаат потенцијал да донесат подобри денови за оваа партија. Политичкиот аналитичар Александар Ристевски, за Алфа вели дека дополнителен проблем за Филипче и неговите колеги е што се појавија и нови политички субјекти, чиј што таргет се нивното гласачко тело.  

-Се подлабоко и подлабоко навлегуваат во еден жив песок, од кој што мислам дека овој пат тешко ќе се извлечат. Сметам дека доколку актуелната власт одговорно и трезвено си ги завршува обврските кон граѓаните, мислам дека на долг рок СДСМ ќе биде во заборавот, затоа што на самата политичка сцена се појавуваат и други политички субјекти кои претендираат кон нивното гласачко тело, изјави Ристевски.

Реклама

Во моментов втор човек во СДСМ, односно заменик претседател е Фани Каранфилова Пановска, поранешната директорка на Фондацијата Отворено општество, која директно беше финансирана од Сорос. Според познавачите ниту таа не може да донесе нешто подобро за партијата, туку само се покажува дека тие структури и порано скришно биле во СДСМ, а сега мораат подиректно, бидејќи ги немаат финансиите кои ги имале во минатото.

-Очигледно ќе мораат да бидат под директно финансирање на самата политичка партија. Мислам дека значајна промена нема да им донесат, од друга страна ќе бидат бележани како претставници на тој начин на финансирање поранешен, а нема да донесат некаква додена вредност, затоа што самиот политички субјект на СДСМ се загуби во популизмот. Мислам дека има изгледни прилики тој да биде и последниот претседател на таа политичка партија, изјави Ристевски.  

Филипче на внатрепартиските избори победи со 18.000 гласови, што е двојно помалку од тоа што го добија претходно Димитар Ковачевски и речиси чети пати помалку од она што го доби Заев при внатрепартискиот избор.

Матеја Петровски