Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Благотворноста на подолгиот сон за викенд

Со години, стручњаците ги нагласуваат опасностите од продолжениот сон, предупредувајќи дека надоместувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години, стручњаците ги нагласуваат опасностите од продолжениот сон, предупредувајќи дека надоместувањето на сонот за време на викендот може да го наруши внатрешниот часовник на телото и да предизвика негативни здравствени последици. По сѐ тоа, нова анализа дава „поохрабрувачки податоци“: Доколку не претерувате, продолженото спиење за време на викендите може да биде добро за Вас. Во совршениот случај, треба да спиете еден час и 27 минути повеќе, што би можело да обезбеди заштита од висок крвен притисок.

Новото  истражување покажува дека помалата количина сон – еден до два часа повеќе, по „долга недела“ е поврзана со помал ризик од висок крвен притисок.

На светско ниво, повеќе од 1,3 милијарди луѓе имаат хипертензија. Тие се соочуваат со многу поголем опасност од срцев удар, мозочен удар, заболување на бубрезите и прерана смрт, пишува „Гардијан“ (The Guardian). И, додека другите начини за избегнување висок крвен притисок се сè уште клучни – тука спаѓаат физичката активност, одржување здрава тежина и здрава исхрана, новите наоди посочуваат дека луѓето слободно може да остануваат до доцна будни за време на викендот, според стручњаците.

Реклама

Истражувањето беше претставено во Минхен, Германија, на годишниот Конгрес на Европското кардиолошко здружение – најголемата светска конференција за срце. Авторот на научниот труд, д-р Навон Ли од Корејскиот универзитет во Сеул, истакна дека недоволното спиење му дава дополнителен стрес на телото.

– Тоа го тера срцето и крвните садови да работат понапорно и може да го зголеми крвниот притисок. Дополнителниот сон за време на викендот може да му даде шанса на телото да заздрави и да се ослободи од дел од тој стрес. Луѓето не треба да се чувствуваат мрзливо или виновно што спијат малку подолго за време на викенд. Ако не можеле да спијат доволно во текот на неделата, дополнителниот сон за време на викенди, едноставно, може да биде начинот на телото да заздрави од таа загуба на сон, изјави д-р Ли.

Истражувањето следело 40.000 возрасни лица во Јужна Кореја во период од седум години. Надополнувањето на спиењето за време на викендот е дефинирано како разлика меѓу времетраењето на спиењето за време на викендот и работните денови.

Надополнувањето на спиењето за време на викендот беше поврзано со 6 отсто помал ризик од висок притисок. Малку поголема корист е забележана кај луѓето кои се сметале за физички неактивни. Тие имале 6,9 отсто помала веројатност да имаат хипертензија, ако спиеле подолго за време на викенди. Анализата идентификувала бенчмарк од 1 час и 27 минути како „совршена количина“ на надополнување на изгубениот сон, смета Ли. Оние испитаници кои спиеле толку многу повеќе, имаат 9 отсто помала веројатност да имаат висок крвен притисок.