Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Економија

Бизнисот ја поздрави одлуката на Владата, бараат внимателни чекори

Бизнис секторот ја поддржува одлуката на Владата за намалувањето на данокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бизнис секторот ја поддржува одлуката на Владата за намалувањето на данокот на додадена вредност за енергенсите. Според нив, намалувањето на ДДВ или намалување на акцизите е нормална мерка кога цената на ергенсите расте, а тие влијаат на другите цени на поризводите. Бизнисмените и работодавачите сметаат дека засега нема да има драстично поскапување на производите ако се земат в предвид чекорите кои ги превзема извршната власт

И како што гледам Владата прогласила кризна состојба покажува дека  е спремна брзо да ги следи овие настани и да презема итно мерки без да го консултира собранието, рече Ангел Димитров од ОРМ.

Според бизнисмените, во моментов Народната Банка мора да биде внимателна со евентуално покачување на каматните стапки. Во време на криза не е добро да се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ваков начин бидејќи економијата ќе стагнира велат работодавачите. Тие сметаат дека Владата треба да превземе мерки за заштита, пред сè на стандардот на граѓаните за да не се загуби куповната моќ. И во време на криза мора да се троши, но не по несразмерно високи цени, децидни се од бизнис секторот.

Реклама

Но, во секој поглед мора да се преземат мерки на ограничување на цените на прехрамбените производи преку замрзнување на маржите или евентуално замрзнување на цените на производите, додаде Димитров.

Бизнисмените препорачуваат владата да ги следи маржите. Според нив, не мора веднаш да се премине на замрзнување на цените. Но при првата индикација дека влезните фактури имаат несразмерно висока маржа, мора да се онтервенира. Дури тогаш може да се применат одлуки за замрзнување на цените или замрзнување на маржите.