Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Бизнисмени: се соочуваме со недостаток на работна сила и стручен кадар

Голем број од македонските компании се соочуваат со недостаток на стручен кадар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем број од македонските компании се соочуваат со недостаток на стручен кадар и работна рака. Во услов кога цела Европа се наоѓа во тешка ситуација, не само што се трудиме да испливаме, да нема отпуштања од работа, туку инвестираме и во нови технологии, за што повеќе од потребен ни е кадар, велат бизнисмените. За премостување на овој голем проблем, тие сугерираат државата да овозможи работно ангажирање на пензионери. Новиот предлог закон кој е во собраниска процедура предвидува самовработените, студентите, помладите од 18 години, странците со регулиран престој во земјава, да можат да работат сезонски работи во одредени дејности, без притоа да ги изгубат приходите кои ги добиваат од државата, како, пензија, стипендија, или помош од државата.

“Проблем имаме со стручен кадар. Затоа треба да се направи една иницијатива да се дозволи на пензионерите после 64 години да може да останат на работа, со давачки кои им следуваат, затоа што луѓето во најзрелите години ги пуштаме да седат дома, а стопанството се судира со недостиг на кадар“ – вели Ацо Андревски, сопственик на компанија во Охрид.

Од друга страна Владата и Стопанската комора на Македонија се обидуваат нашиот млад кадар кој што има големи амбиции и може да придонесе за унапредување на македонската економија, да го задржиме тука, овозможувајќи им достоинствени услови за работа и финансиски стимул со убави плати.

Реклама

“Ќе работиме на една платформа за враќање и спречување на одливот на мозоци од Македонија, на една конкретена работа која е алфа и омега на опстанокот ако земеме дека луѓето се тие што ја движат и економијата и државите, а објектите без луѓето се ништо. Треба практично со тоа да се поттикне економската активност во државата за да може да се задржат младите луѓе” – вели Бранко Азески, претсед. на Стопанска комора на Македонија.

Ова е голем поттик за да можеме да ја задржиме економската активност и во вакви тешки времиња да бидеме подготвени да ги сочуваме тие кадри кои имаат направено евидентен напредок во западните земји и дијаспората – додава Азески.

Во тој поглед, Стопанската комора вели ќе партиципира еднакво, како владин партнер, а во наредниот период ќе се подготви базата на податоци за сите заинтересирани кои што во последните 2 месеци масовно се јавуваат во комората и прашуваат кои се условите и привилегиите кои ги нуди државата за нивно враќање дома.