Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Бизнис можности со нордиските земји во Скопје

Шведско-македонската стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шведско-македонската стопанска комора, во соработка со шведската организација We Effect, денеска во Центарот за иновации „Инокс“ на Плоштад Скопје, организира настан на тема „Бизнис со нордиските земји: Можности за македонските производители“ .

Целта на настанот, како што најавуваат организаторите, е зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и нордиските пазари, како и отворање нови деловни можности за локалните производители. Во фокусот ќе биде тоа што нордиските компании го бараат при влез на нови пазари и начините на кои македонските бизниси можат да се позиционираат како доверливи и долгорочни партнери.

Настанот ќе ги поврзе шведските и нордиските компании веќе присутни на македонскиот пазар со организацијата We Effect и нејзините партнери, меѓу кои Националната федерација на фармери, Центарот за едукација и развој, Македонската асоцијација на преработувачи и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Целта е размена на искуства, јакнење на деловните капацитети и поттикнување нови партнерства.

Реклама

На настанот се очекува присуство на голем број бизнис лидери, институционални претставници и експерти за нордискиот пазар.