Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Бизнис-форум: Инфраструктурата, извозот и иновативноста се трите „и” – клучни за македонската економија

Оперативни и без одлагање за македонската економија мора да бидат инфраструктурата, извозот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперативни и без одлагање за македонската економија мора да бидат инфраструктурата, извозот и иновативноста, тоа се трите „и” кои се клучни за отворање на пазарите и за натамошен развој – порачаа учесниците на денешниот Македонско-австриски бизнис-форум, што се одржува во Стопанската комора.

Македонија, беше истакнато, е географски предодредена да биде центар на европските коридори и тоа треба максимално да го искористи преку реализација на инфраструктурни проекти. Во овој сегмент е најважно да покаже капацитет.

– Протоколот не гради патишта и не произведува мегавати. Денешниот форум е организиран со сосема поинаква намера – да зборуваме директно, оперативно и без одлагање за она што е крвотокот на секое стопанство: инфраструктурата и енергетиката. Мојот став, кој со години неуморно го повторувам, а дека без брзи, модерни и безбедни патишта, без модернизирана железница и без предвидлив, одржлив енергетски систем, македонската економија не може да направи реален чекор во нејзиниот развој. Не можеме да очекуваме висока продуктивност, конкурентен извоз или регионална интеграција ако камионите со стока ни стојат – рече претседателот на Комората, Бранко Азески.

Реклама

Тој напомена дека кога станува збор за сообраќајните и енергетските коридори, бизнисот со години бара целосна ревитализација.

– Видете го портфолиото на австриските компании што се денес тука, меѓу нас. Тоа не се компании што нудат апстрактни идеи, туку лидери што точно ги адресираат нашите најгорливи инфраструктурни и енергетски проблеми. Додека ги градиме и обновуваме Коридорот 10 и врските од Коридорот 8, нам ни требаат докажани технологии – потенцира Азески.

Форумот е во организација на Стопанската комора и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје (Advantage Austria). Настанот е платформа за интензивирање на билатералната економска соработка и директно поврзување угледни австриски компании со надлежните македонски институции и ресорни министерства, како и со македонските деловни субјекти, велат од Комората.

Фокусот е ставен врз актуелните и планираните капитални инвестиции, транзицијата кон обновливи извори на енергија, модернизацијата на сообраќајната мрежа и можностите за спроведување современи технолошки решенија.

На форумот се вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски,  министерката за енергетика – Сања Божиновска, како и градоначалникот на Скопје – Орце Ѓорѓиевски.