Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Битолските пожарникари апелираат да не се палат стрништа и сува трева во Пелагонија

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола апелира да не се палат стрништа, сува трева, отпад и други растителни остатоци на отворен простор во Пелагонија. Од ТППЕ Битола посочуваат дека палењето на стрништата и сувата вегетација многу лесно може да прерасне во неконтролиран пожар, особено во услови на високи температури и ветер. Ваквите пожари претставуваат сериозна опасност […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола апелира да не се палат стрништа, сува трева, отпад и други растителни остатоци на отворен простор во Пелагонија.

Од ТППЕ Битола посочуваат дека палењето на стрништата и сувата вегетација многу лесно може да прерасне во неконтролиран пожар, особено во услови на високи температури и ветер. Ваквите пожари претставуваат сериозна опасност за шумите, земјоделските површини, домовите и човечките животи, истакна Христијан Тодоровски, командир на ТППЕ Битола.

-Предизвикувањето пожар е казниво согласно законските прописи. Доколку забележат пожар, граѓаните веднаш треба да пријават на телефонските броеви 193-Територијална противпожарна единица или 112-Центар за управување со кризи. Во овој период е важно да бидеме одговорни и заедно да ја заштитиме природата и безбедноста на нашата заедница, посочи Тодоровски.

Реклама

Екипите на Територијалната противпожарна единица во случај на пожар дејствуваат на територијата на општините Битола, Могила и Новаци.  

-Нашата ТППЕ располага се 8 теренски возила за шумски пожари и слободно можам да кажам дека ние сме најопремена единица во цела држава со возила за шумски пожари. Но, потребно е да се зголеми бројот на човечки ресурси бидејќи во моментов имаме 32 пожарникари професионалци, а според законот на располагање треба да имаме 62 пожарникари, потврди Тодоровски.

Според статистичките податоци на ТППЕ Битола, минатата година регистрирале 573 интервенции, од нив 274 интервенции на отворен простор. До овој момент, бројот на интервенции е значително помал и затоа од ТППЕ Битола аплираат на внимателност и соработка.