Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Македонија

Битолчани ќе се изначекаат за инвертери

Зимата речиси помина, ама битолчани никако да ги добијат ветените инвертери, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зимата речиси помина, ама битолчани никако да ги добијат ветените инвертери, како еколошки грејни тела со кои ќе се заменат печките со фосилни горива. Локалната власт  оди по жица и си игра со стрпливоста на граѓаните, на кои им беа ветени две илјади и петстоини клима – уреди, како една од клучните еколошки мерки за справувањето со аерозагадувањето на градот. На денешната седница  на Советот, иако беше најавено донесување на Правилник со критериуми за доделување на инвертери, оваа точка волшебно исчезна од дневниот ред.

Постои еден проблем во однос на апликацијата која треба да ја изработи едно од министерствата, со која ќе се утврди начинот како ќе се аплицира. Од она што се изготвува како правилник, можам да кажам дека ќе нема поделба на климите кому ќе се доделуваат, дали на посиромаси или побогати. Сите ќе имаат еднакво право да земат клима- уред, а единствениот услов за Битола ќе биде местоот на живеење кад ешто е најзагадено- рече Валентин Груевски, претседавач на Советот.

Опозициските советници беа изненадени од овој потег на власта и сметаат дека  мерката претставува гол популизам во пресрет на изборите.

Реклама

За прв пат во Битола, оваа мерка беше најавена уште во осми месец 2019 година. Пет месеци подоцна, на оваа тема што власта ја промовираше како проект и една од клчучните мерки во стратегијата за справување со аерозгадувањето, гледаме дека власта нема направено ниту еден исчекор. Ова е еден обид на власта за поткуп на гласачите за предвремените парламентарни избори- рече Иванчо Тошевски, координатор на советничаката група на ВМРО ДПМНЕ.

Уште една зима битолчани ќе поминат без никакви мерки, уште една зима само со популистички активности кои не знаеме ниту кога ќе бидат реализирани, бидејќи еве како што ни најавија дека нема да се донесе правилникот, ќе се донесел наредната недела. Меѓутоа, до реализиација, можат да поминат дури два до три месеци- рече габриела Илиевска од советничката група на граѓанската иницијатива “Поинаку“.

Бидејќи се врши координација по вертикала за изготвување и унифицирање на правилниците, не е тешко да се претпостави дека инвертерите ќе се делат пред избори, а најсиромасите како социјално загрозени граѓани, нема да бидат опфатени. Дотогаш, црвените дијаграми на мерните станици за аерозагадување, ќе бидат наше секојдневие.