Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Билатерални договори со земјите од ЕУ – засега единствено решение за проблемот на превозниците

ЕУ го разбира револтот на транспортерите кои не доаѓаат од земји од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЕУ го разбира револтот на транспортерите кои не доаѓаат од земји од Шенген-зоната, но засега, како единствено краткорочно решение, гледа во она што и досега го работеше македонската Влада, односно склучување билатерални договори меѓу државите од Западен Балкан со поединечни членки на Унијата.

Во ЕУ се свесни дека транспортните компании од Западен Балкан трпат штети поради тоа што нивните возачи не можат да престојуваат во земјите од Шенген-зоната подолго од 90 во рамки на предвидените 180 дена, но до решение преку ноќ нема да дојде.

За првиот човек на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Таилас Линкаитс, на маса има многу различни предлози, но сè зависи од членките на ЕУ, дали ќе се согласат на ваквите правила.

Реклама

„Има многу различни предлози на маса, но сè зависи од членките на ЕУ дали ќе се согласат на овие правила. Како што реков, итно или краткорочно решение е да се разговара билатерално со соседните држави или меѓудржавно, кои сакаат да се осигураат камионџиите да добијат долгорочни визи, барем билатерално, за да се овозможи најголемиот дел од трговијата меѓу државите“, вели директорот на Транспортната заедница, Таилас Линкаитс, кој учествува на Третата министерска средба за Зелената агенда на државите од Западен Балкан во Жабљак, Црна Гора“, изјави Таилас Линкаитс, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница.

Од Сојузот на стопански комори и бизнис-заедницата очекуваат од Владата решение кое нема да биде на штета на превозниците. Свесни се за проблемите со кои се соочуваат транспортерите и стравуваат дека е можно повторно да дојде до затворање на границите.

„Ќе ни се случи повторно, сигурен сум, затворање на границите. Камионџиите и логистичарите ќе ги затворат границите, бидејќи тоа е стварно тежок проблем. Повеќе земји се во Шенген-зоната што влегоа и бидејќи тие рестрикции таму, задржувањето, особено со деновите кои се поминуваат во Шенген-зоната, е особено тежок. Така да, ќе видиме како ќе се одвива тоа“, изјави: Горан Георгиевски, претседател на Сојузот на стопански комори

„Законот мора да се почитува. Ние сме на некој начин дека сме во состојба да мораме да го почитуваме и дека ќе треба да се зголемуваат капацитетите на лиценцирани возачи кои ќе мораат да престојуваат во рамките на дозволеното 90 од 180 денови“, изјави Миле Бошков – претседател на Бизнис-конфедерација на Македонија.

Македонската Влада досега постигна договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а се работи и со Австрија, Германија и Словенија. Целта е професионалните возачи да добијат можност за подолг престој и непречено да ги извршуваат транспортните тури низ Европа.