Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Билатерална средба Муртезани-Кос: Реформите и Планот за раст во фокусот на европската интеграција

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово во пресрет на официјалниот почеток…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово во пресрет на официјалниот почеток на Самитот на лидерите од Западен Балкан, оствари билатерална средба со европската комесарка за проширување, Марта Кос. Ова е прва официјална посета на комесарката Кос во ова својство, а средбата со МЕП Муртезани претставува потврда за континуираната ангажираност и поддршка на Европската комисија за процесот на интеграција на Македонија во Европската Унија.

Во рамки на средбата беа истакнати резултатите кои Македонија досега ги постигна во спроведувањето на Планот за раст, кој е носечка тема на Самитот, како и Реформската агенда 2024-2027. Еврокомесарката Кос ги поздрави посветеноста и реформските напори на Владата, посебно во делот на успешно реализираните реформи, новоусвоените закони и динамиката на спроведување на приоритетните мерки во повеќе клучни сектори како што се: управување, енергетика, зелена транзиција, дигитализација, развој на човечкиот капитал, бизнис климата и владеење на правото. Комесарката ја охрабри Владата да продолжи со оваа динамика на реформи, истовремено укажувајќи на важноста од искористување на актуелниот момент за натамошен напредок и надминување на преостанатите предизвици.

Министерот Муртезани, во разговорите со комесарката Кос, изрази уверување дека оваа Влада останува цврсто определена за европската интеграција како апсолутен стратешки приоритет, осврнувајќи се на финализирањето на Патоказот за владеење на правото и Патоказот за реформа на јавната администрација, кои се одредници за отворање на првиот преговарачки кластер „Фундаментални вредности“ и ја реафирмираше подготвеноста на Македонија за продолжување на тесната соработка со ЕК во контекст на целосна реализација на овие документи. Муртезани исто така ја нагласи и отвореноста на земјата активно да се вклучи во новите иницијативи што ќе бидат разгледани на Самитот, меѓу кои се подобрување на заштитата на потрошувачите, развојот на квалитетниот туризам и продлабочување на економската интеграција со Единствениот европски пазар.

Реклама

На билатералната средба, беше заеднички констатирано дека Самитот во Скопје се одржува во период кога Македонија ја потврдува својата водечка улога во регионот, како прва земја што ги заврши сите правни процедури за стапување во сила на финансиските договори од Планот за раст, овозможувајќи исплата на предфинансирање од ЕУ средства во износ од 52,4 милиони евра. Соговорниците се осврнаа и на неодамнешната апликација на Македонија до Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) со четири нови проекти во областите кибер-безбедност, дигитализација и унапредување на образовната инфраструктура, како и на тековното спроведување на законите и мерките од Реформската агенда.

Министерот Муртезани и комесарката Кос се согласија дека следниот период е клучен за процесот на пристапување, нагласувајќи ја потребата од јасна политичка волја, динамична реализација на реформските обврски и искористување на сите нови иницијативи кои ќе произлезат од Самитот во Скопје.

Воедно, беше реафирмирана заложбата на Владата да остане конструктивен и доверлив партнер на ЕУ, со фокус на конкретни резултати во интерес на граѓаните и стабилноста на целиот регион.