Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Билјана Попеска од штипскиот Факултет за образовни науки избрана за заменик претседател на Европската асоцијација за физичко образование

Универзитетската професорка на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Билјана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Универзитетската професорка на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Билјана Попеска на генералното собрание на Европската асоцијација за физичко образование (European Physical Eduication Association) кое се одржа на Миконос во Грција е избрана за заменик-претседател на ЕУПЕА.

Од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип информираат дека ЕУПЕА претставува највисока организација во Европа во сегментот на физичкото образование. Истата ги обединува наставниците по физичко образование, едукатори на наставници по физичко образование и истражувачи од областа на физичкото образование и спортските науки од цела Европа и претставува чадор организација со повеќе од 50 членки од цела Европа. Работата на ЕУПЕА е во доменот на градење на политики и реформи за унапредување на квалитетот на физичкото образование, професионален развој на наставниците и промоција на квалитетно физичко образование како дел од севкупното образование, следејќи го мотото „нема образование без физичко образование“.

-Изборот на проф. д-р Попеска е продолжување на нејзината работа како член на Извршниот одбор во изминатите три години и шестгодишното членство како член на Бордот и претставник за Југоисточна Европа, соопштуваат од УГД-Штип.