Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Бида Оручоска, со песничката „Сонце во нас“, победник на детскиот фестивал „Радика Фест 2026“

Во концертната сала на Центарот за култура во Дебар се одржа 17-то издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик „Радика Фест 2026“.  Беа изведени 13 нови авторски композиции а за најдобра, стручното жири ја прогласи песничка „Сонце во нас“ во изведба на Бида Оручоска од Косоврасти, која со нејзината прекрасна интерпретација и сценски настап ги […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во концертната сала на Центарот за култура во Дебар се одржа 17-то издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик „Радика Фест 2026“. 
 
Беа изведени 13 нови авторски композиции а за најдобра, стручното жири ја прогласи песничка „Сонце во нас“ во изведба на Бида Оручоска од Косоврасти, која со нејзината прекрасна интерпретација и сценски настап ги воодушеви присутните. 
 
Првото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец Струга, за најдобар вокал  и најдобар сценски настап беа наградени Џана Рамаданоска и Мелда Кадри  и двете од Дебар.

Најпрво присутните, кои ги имаше од поширокиот дебарски регион, ги поздрави и им посака пријатни мигови, а на учесниците многу успех, познатиот дебарски композитор Зинче Мимидиноски, инаку директор на фестивалот, благодарение на чија неуморна работа и ангажираност а на радост на децата од поширокиот регион, живее оваа културна манифестација. 
 
На овој значаен настан за децата, кои со нетрпение го очекуваат секоја година, настапија деца од Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше, Струга и Охрид како и автори на текстови од Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, и Прилеп.

 За особен придонес во развојот на Фестивалот “Радика-Фест” од страна на директорот на Фестивалот благодарници им беа врачени на Генци Садику, директор на ООУ “Пенестиа” – Дебар, Бенази Шемовска, директор на ООУ Мустафа Кемал Ататурк – Центар Жупа, Алија Идризоски, директор на ООУ Ристе Ристески – с. Д. Косоврасти и Мевмед Абдију, директор ООУ Блаже Конески – Скудриње. 
 
Во 17 годишното постоење на фестивалот изведени се над 220 песнички а учествувале околу 440 учесници од сите делови на државава. 

Реклама

Гости во програмата на Фестивалот беа прекрасната фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше, како и триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа. 
 
Фестивалот финансиски беше поддржан од Министерство за култура и туризам, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, ТД „Боград“ и „Арсенал“ од Струга, ТД „Гајрет“ од Лабуништа „Јасен“ од Подгорци, се потпомогнат  и од Центарот за култура – Дебар.