Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Безредие на струшкото крајбрежје: Десет години нелегални објекти и милионски приходи без важечки концесии

Десет години објектите на струшкото крајбрежје работат нелегално бидејќи договорите за концесионирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десет години објектите на струшкото крајбрежје работат нелегално бидејќи договорите за концесионирање им се истечени во 2016-та.

Безредие на струшкото крајбрежје – фирми без концесии десет години остваруваат милионски приходи од користење на плажите, договорите за стопанисување им се истечени во 2016-та. Безмалку на секоја слободна површина се изградени објекти од тврда градба, а никој до сега не ги санкционирал. Експертите притискаат да се стави крај на нелегалната масовна урбанизација, оти владее невиден хаос кој им пречи и на туристите. Агенцијата за просторно планирање треба да изготви детални планови за уредување на плажите со точно дефинирани правила.

„Затоа што и голем дел на тур-оператори бараат да имаме средени и уредени плажи каде што ќе има посебни правила. Исто така, во секоја туристичка сезона треба сите плажи да бидат уредени според правилата на УНЕСКО, значи да бидат изградени од природни материјали, а сите оние нестандарди плажи или објекти кои веќе се оставени на крајбрежјето и го нагрдуваат просторот треба да се отстранат“, – вели Ѓоко Зороски, инженер за животна средина.

Реклама

Струшкиот градоначалник Менди Ќура обзнани дека заедно со општина Охрид изготвуваат посебен предлог-закон за плажите, односно крајбрежјето, кој до крајот на март ќе го достават до Собранието и ресорното министерство. Целта е да се најде најадекватно решение со кое ќе се стави крај на узурпацијата и приграбувањето на секоја слободна површина.

„Овој проблем нема да се реши одма. Треба време да се сработи како што треба, да се донесе адекватен закон кој ќе важи за секогаш. Јас се согласувам дека тие печалат на диво, тоа се согласувам, меѓутоа ние веруваме дека ќе го донесеме до март месец законот. Ако не, после ќе мислиме друга алтернатива, мора тие нешто да платат. Меѓутоа, тоа е сложена работа, не е регулирана правно“, – вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

За Ќура, нелогично е барањето на еколозите да се срамнат со земја сите објекти кои никнаа на плажите, оти концесиониерите кои со години стопанисуваат на диво вложиле и по 300.000 евра, иако крајбрежјето не е приватен имот. Согласно Законот за градежно земјиште и другите законски прописи, плажите се во надлежност на локалните самоуправи на Охрид и Струга.