Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

„Безбеден град“ почнува да снима и во Охрид и Струга

Започна поставувањето на 40-те камери, системот „Безбеден град“ во туристичките центри Охрид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна поставувањето на 40-те камери, системот „Безбеден град“ во туристичките центри Охрид и Струга ќе почне да функционира пред почетокот на летото. Граѓаните задоволни, велат на овој начин значително ќе се подобри безбедноста, посебно во шпицот на сезоната кога владее сообраќаен хаос, а по улиците неконтролирано се дивее.

– „Не сакам да звучи неубаво, но лудило е, навистина е лудило од поединци. Секоја чест на останатите, но навистина е добар потег и за поздравување.

– И мора да има некакви мерки за да се вразумат, бидејќи ако тргнеш по Туристичка, целата е паркирана и кога ќе дојде лето сите се нервираме, без разлика дали сме туристи или жители на градот. Така да мислам дека „сејф сити“ ќе ги даде правите резултати и ќе биде иднината на овој град.

Реклама

– Пред брзо време во Германија имам слика подобра од лична карта и оправдано. Возевте со голема брзина? 10-тина км плус на автопат. И колкава беше казната? Ми дојде 150 евра дома овде. Слика, место, сè како е направен прекршокот. Тоа значи дека и овде ќе бидете повнимателни? Па еве и сега во Скопје прв пат се чувствував безбедно“ – велат граѓаните.

Во Охрид камерите ќе бидат поставени во центарот и на двата влеза во градот, потоа долж булеварот „Туристичка“, кај месноста Рача и целиот патен правец кон Свети Наум и плажите. Во Струга, покрај централното градско подрачје, со камери ќе бидат покриени патните правци кои водат кон Дебар, граничниот премин Ќафасан и Калишта. Видео надзор ќе има и кај аеродромот. Четири камери веќе се поставени на автопатот Кичево–Охрид, помеѓу селата Горенци и Требеништа и Ботун и Ново Село. Деновиве системот се наоѓа во фаза на техничко тестирање и прекршоците не се санкционираат.

„Тоа ќе значи подигнување на степенот на сообраќајната безбедност, тоа ќе значи намалување на бројот на сообраќајните незгоди и намалување на бројот на жртви во сообраќајните незгоди. Сè до тој момент, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, пред сè во пресрет на туристичката сезона, ќе вршат нагласени и интензивни сообраќајни контроли“ – вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Граѓаните ќе бидат навремено информирани за локациите на камерите, видот на прекршоците што ќе се санкционираат, како и за мерките за заштита на личните податоци. Инаку, лани на магистралниот пат Ќафасан–Струга–Подмоље–Кичево–Стража се случиле 30 сообраќајни незгоди, во кои 7 лица го загубиле животот, а 38 се здобиле со тешки телесни повреди. Најчести причини се преголема или неприлагодена брзина на движење, претекнување на непрегледни делови на пат и управување под дејство на алкохол.