Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Без вода делови од Центар и Чаир

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради планирани два зафати во водоводната мрежа без вода денеска ќе бидат корисниците од повеќе улици во општините Центар и Чаир. 

Поради уличен дефект на улица „Адам Мицкиевиќ“ бб во Општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Адам Мицкиевиќ“, вклучително и ОУ „Киро Глигоров“, дел од улица „Козара“ и дел од улица „Васил Ѓорѓов“. 

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Реклама

Поради уличен дефект ф-225м на улица „Отокар Кершовани“ бб, во Општина Чаир, прекинато водоснабдување од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот ќе бидат корисниците од улиците „Отокар Кершовани“,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“,  „Петре Георгиев“ и „Чаирска“.