Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Бесплатно мерење на шеќер во крвта и подготовка на здрава храна во неготинско Вешје

Бесплатно мерење на шеќер во крвта се реализираше денеска во неготинското село Вешје, во дворот на руралната канцеларија на регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино. Еко-активистите организираа и работилница за подготовка на здрава храна со низок гликемиски индекс, со која ги пречекаа претставниците на неготинското здружение „Гликовита“ и кавадаречките „Слатка насмевка“ и „Визија“. – Овој […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатно мерење на шеќер во крвта се реализираше денеска во неготинското село Вешје, во дворот на руралната канцеларија на регионалното еколошко друштво „Ековита“ од Неготино. Еко-активистите организираа и работилница за подготовка на здрава храна со низок гликемиски индекс, со која ги пречекаа претставниците на неготинското здружение „Гликовита“ и кавадаречките „Слатка насмевка“ и „Визија“.

– Овој настан беше идеална прилика да се запознаат со активностите и иновативните практики на „Ековита“ во областа на циркуларната економија и еколошкиот развој. Разговаравме за тоа како нашите проекти во Вешје создаваат систем во кој природата и човекот работат во хармонија. Посебна гордост ни е што на работилницата беа претставени и автентичните локални производи од вредните раце на жителите на село Вешје. Покажавме дека најздравата храна е токму онаа што потекнува од нашиот крај, одгледана со љубов и грижа – истакнаа од „Ековита“.

Претседателката на „Гликовита“, Кристина Тодорова нагласи дека преку практична работа и дружење, докажуваат дека здравиот оброк е лесно достапен, вкусен и лековит.

Претседателката на Здружение на дијабетичари „Слатка насмевка“ од Кавадарци, Соња Ристовска порача дека е многу важно здруженијата заеднички да соработуваат за поздрав живот, со цел да се развие свеста за значењето на чистиот воздух, здравата исхрана и физичката ативност, за да се спречат компликации од дијабет.

Реклама

Претседателката на „Гликовита“, Кристина Тодорова нагласи дека преку практична работа и дружење, докажуваат дека здравиот оброк е лесно достапен, вкусен и лековит.

– Овој настан е чин на солидарност и потврда дека кога заедницата е сплотена, квалитетот на животот се подобрува за секого. Заедно учиме како храната може да биде наш најголем сојузник – подвлече Тодорова.