Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија за матуранти

Со бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија до подобри резултати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со бесплатни часови по математика, физика, хемија и биологија до подобри резултати на државна матура, но и зголемување на интересот за техничките факултети. Штипскиот Универзитет ја стартуваше програмата „Иницијатива за идни научници„ со која на матурантите  до мај ќе им помогне да ја совладат материјата, но и да се наоружат со знаења, кои ќе им бидат потребни за нивното понатамошно академско доусовршување. Наставата ќе се одвива на Универзитетот и ќе ја држат универзитетски и професори од средните училишта.

„Целта ни е да се доближиме до идните студенти, односно да ги мотивираме да ги изучуваат природните науки и да им помогнеме преку една подготвителна настава да имат подобри резултати на престојната државна матура. Тоа е активност која целосно е финансирана од страна на универзитетот и ќе ја спроведеме заедно со заинтересираните ученици и со универзитетски професори и со наставници од средните училишта„ изјави ректорот на штипскиот УГД, проф.Дејан Мираковски.

Реклама

Доколку матуантите покажат сериозен интерес, ќе се направат напори ваква подготвителна настава да има и за останатите предмети, односно македонски и странски јазици. Според ректорот Мираковски, високите оценки на државната матура за студентите, значи поголема можност за запишување на програмите за кои се одлучиле.

„Дефинитивно, високите отценки преставуват поголема можност за запишување, пред се да влезат во државната квота, односно целосно да бидат финансирани од државата и со сигурност ќе им го олесни идното студирање. Ние сме должни да им помогнеме на студентите независно дали ќе останат овде или ќе студираат на друго место, иако сметат доколку им ги покажеме условите и можностите коишто им ги нудиме и имаме, ќе не земат како една од опциите за нивно идно студирање„ изјави ректорот на УГД, проф. Дејан Мираковски.

Наместо зголемување, секоја година има благо намалување на просечната оценка на државната матура. Лани, средната оценка беше 3,25, а за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето и да нема препишувања, полагањата беа организирани во холовите и спортските сали во училиштата

Александра Ристевска