Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот современ урбан парк-плоштад во населеното место Марино.

Проектот, како што информираат од локалната самоуправа, е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

-Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор. Новиот парк-плоштад во Марино претставува современо уреден јавен простор, наменет за одмор, рекреација и дружење на граѓаните. Со воведувањето на бесплатна WiFi мрежа, овој простор добива дополнителна функционална вредност и се вбројува меѓу модерните јавни зони кои ги следат европските и светските трендови, велат од Општина Илинден.

Реклама

Посочуваат дека градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакнал дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласил дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.