Реклама

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

Македонија

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса

Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резултатите се јасни, Анел Фидовски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, по денешната седница на Советот на јавните обвинители, на која Фидовски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.  

– Резултатите се јасни, доби седум гласа. На интервјуто покажа добри резултати и некои од членовите оценија дека треба да му се даде шанса. И ќе му ја дадеме – изјави Бесими.

Во врска со гласот „воздржан“ што тој го дал за Бубевски, Бесими појасни дека ваквиот начин на изјаснување е вообичаен во Советот иако во законската рамка не е прецизно дефиниран.

Реклама

– Често се гласа „воздржан“. Во законот тоа не е прецизирано, а ние инсистираме во новиот закон ова да се уреди за да биде јасно дефинирано – рече тој.

Бесими информира дека сите петмина кандидати што конкурирале ги исполнувале формалните услови и дека не биле забележани значајни неправилности.

Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа „за“, Трајчевска и Андонова по еден глас „за“, а Петрески не доби ниеден глас „за“.

Претходно на седницата, некои од членовите ги образложија своите ставови во врска со кандидатите за јавен обвинител. Ермон Незири изрази поддршка за Гаврил Бубевски и нагласи дека тој придонел за подобрување на работата на Обвинителството преку вработување истражители, зголемена транспарентност и воведување вештачка интелигенција. Светлана Стојковиќ исто така даде поддршка за Гаврил Бубевски истакнувајќи дека тој ужива углед, почит и авторитет и во институцијата и меѓу вработените. Марјана Илиеска се изјасни во поддршка на Анел Фидоски за кого рече дека поседува авторитет и дека покажал подготвеност за примена на современи стандарди и практики во обвинителската работа. Ардијан Демири исто така ја даде својата поддршка за Анел Фидоски. Од друга страна, Кети Петкова најави дека нема да гласа за Гаврил Бубевски бидејќи смета дека треба да му се даде можност на друг кандидат.

Со 10 гласа „за“ Бесир Алиу беше избран за обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово, кој воедно беше и единствен пријавен кандидат.

На денешната седница беа усвоени записниците од 34. седница, како и барањата за продолжување на функцијата ЈО за една година, во согласност со Законот за работните односи, од неколку јавни обвинители.