Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Прилози

„Беше лудо“: Дејвид Гета сподели видео од настанот во Скопје

Македонија достоинствено ја одбележа  годишнината, а ваквите големи настани ќе станат традиција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија достоинствено ја одбележа  годишнината, а ваквите големи настани ќе станат традиција – државата ќе се промовира пред светската публика преку големи културни и музички настани. Интересот за настапот на Дејвид Гета, не заврши со концертот во Скопје. Видеото што светскиот диџеј го објави по повод настапот во Македонија, за само 14 часа надмина еден милион прегледи – бројка на која се повика и премиерот како доказ за големиот интерес што го предизивка настанот. Власта на ова гледа како инвестиција, која ќе има економски поврат за граѓаните.

„Оваа Влада секоја година ќе подготвува вакви настани, ќе поддржува културни и спортски иницијативи. Цениме дека тоа е улогата на општествено одговорна компанија како што е Државна лотарија, а тоа е регулирано и со новиот Закон за игри на среќа. Сето она што е дел од резервите на државна лотарија, го враќаме назад кај народот, кај културата, уметниците“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Настанот И од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без сериозни проблеми ниту при обезбедувањето на објектот, ниту при регулирањето на сообраќајот околу арената.

„Огромна благодарност до сите полициски службеници, за целиот труд кој го вложија во изминатите месец дена, не само за концертот на Дејвид Гета, туку и за сите оние настани под слоганот „Силно светнал ден“. Навистина работата која што не е видлива за обичниот граѓанин е предизвикувачка за полициските службеници и најмногу нивните семејства знаат колку се тие отсутни од дома, колку труд вложуваат и колку навистина се посветени“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Од Владата велат дека целта на ваквите настани е да прераснат во традиција, со што Македонија би се позициноирала и на меѓународната сцена. Очекувањата се дека големите настани ќе привлечат внимание од странство и ќе го зголемат интересот за земјава како атрактивна туристичка и културна дестинација.