Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Белимова: Да договориме реално решение за патните трошоци, а не да правиме популизам

Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ денеска порача дека го прифаќаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ денеска порача дека го прифаќаат секој предлог кој што е конструктивен за предлог-законот за пратениците во врска со патните трошоци, но, бараат да седнат на заедничка маса со останатите пратенички групи.

„Треба да договориме нешто што е реално и општо прифатливо, а не само да правиме популизам. Кога ќе седнеме на маса и ќе ги ставиме сите работи, тогаш ќе изнајдеме и решение“, рече пратеничката во изјава од Собранието.

Од партијата најавуваат дека нема да ги поддржат денешните предлог-измени кои доаѓаат по иницијатива на Левица. Тврдат дека „Левица не е решение на проблемот, туку проблем за секое можно решение“.

Реклама

Партијата на Димитар Апасиев предлага ограничување на патните трошоци на народните избраници. Бараат овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри што би било околу 500 денари, а не досегашните 1700 денари за истото поминато растојание плус патарини.