Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Белгиска „Авеста“ гради 40 милиони евра вредна фабрика за батерии во Кичево

Стартува изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стартува изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во Технолошко индустриската развојна зона во Кичево.Во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра, а ќе се реализираат најмалку од 120 до 200 вработувања.Се направи многу за да заживее овој проект кој помина и на владина седница,истакна премиерот Мицкоски кој присуствуваше на поставувањето на камен темелникот.Премиерот е убеден дека инвеститорот нема да застане тука и оти ќе следи продолжување на инвестицискиот циклус.

 “Исто така и други инвестиции во периодот што следи ќе бидат објавувани. Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени”-рече премиерот Христијан Мицкоски

Според проекциите, објектот треба да биде готов наредната година. Извршен директор на Авеста Скопје, најави извоз од 50 милони евра во првата година од инвестицијата,со надеж дека за само неколку години извозот ќе порасне на половина милијарда евра,а бројот на вработени ќе се зголеми на околу 600. 

Реклама

 Извозот во првата година согласно бизнис планот би бил околу 50 милиони евра, а во пикот на работењето на фабриката да достигне десеткратно зголемување за некаде 7 до 8 години”-рече Александар Голабоски,извршен директор на Авеста Скопје

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека целта на Владата еда го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите во Македонија, да не ни се случува иселување како што беше пракса во минатото.

Росица Голабоска