Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Бектеши: Листата е подготвена, станува збор за 2500 производи

2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничена маржа од максимум 10%.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничена маржа од максимум 10%. Списокот е веќе готов, но може да се менува зашто се чекаат мислењата и од Стопанските комори и другите засегнати страни.

Ова е најновиот план на Влада за борба со инфлацијата кој беше преточен во веќе донесениот Закон за нефер трговски пркатики, но првите ефекти ќе се почувствуаат за дури по неколку месеци зашто во меѓувреме ќе се усогласуваат листите со опфатени производи.

„И со согласност на таа листа, сите чинители во делот на трговијата, почнувајќи од производителите па се до трговците на мало, треба да ги усогласат нивните договори, а тоа да проинесе во намалување на цените во домашниот пазар, што значи во македонскиот пазар“, рече Бектеши.

Реклама

За непочитување на законот се предвидени парични казни до 20.000 евра, но и затворање на маркетите.

„Сакам и јавно да ги повикам домашните производители, да не паѓаат на такви финти на одредени доминантни ланци на супермаркети во нашата држава. Јас не можам да одам кај секој поединечно домашен производител и да му кажам на него прифати го овој договор, или не ги прифаќај овие услови, заради тоа што е мешање во нивната политика“, рече Бектеши.

Додека да почне да се применува законот ќе нема никаква конрола на цените, а по нивното одмрзнување на 1 март веќе се почувствуаат првите зголемувања – најголем дел од производите се продаваат поскапо од 10 до 20%.

Љубиша Владимиров