Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Беќири и Лефков на ЦЕИ состанок во Букурешт, фокус на регионална соработка и европска интеграција

Пратениците од Собранието на Македонија, Калтрина Беќири и Миле Лефков, учествуваа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратениците од Собранието на Македонија, Калтрина Беќири и Миле Лефков, учествуваа на состанокот на Парламентарниот комитет на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ-ПД), кој се одржа на 26 и 27 мај 2026 година во Букурешт, Романија, на тема „Унапредување на регионалната соработка и поврзаноста за одржлив раст во регионот на ЦЕИ“.

Како што соопшти собраниската прес-служба, пратениците учествуваа со дискусии во првата сесија на состанокот посветена на унапредување на европската интеграција преку прекугранична соработка во регионот на ЦЕИ.

Во своето обраќање, пратеничката Беќири истакна дека прекуграничната соработка е клучен двигател на европската интеграција, нагласувајќи дека заедничките проекти во инфраструктурата, образованието, младинската мобилност и заштитата на животната средина придонесуваат за стабилност и економски развој во регионот.

Реклама

Лефков во својата дискусија истакна дека Коридорите VIII и X претставуваат стратешки транспортни и инфраструктурни врски за Македонија и регионот, кои ќе придонесат за посилна регионална поврзаност, економски развој и побрза европска интеграција.

Тој нагласи дека политиката на проширување на Европската Унија треба да остане кредибилен, предвидлив и процес заснован на заслуги, со јасна поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Лефков се осврна и на важноста од зајакната регионална соработка во областа на кибербезбедноста и заштитата на критичната инфраструктура.

На состанокот беше истакната важноста од заеднички активности и координација меѓу земјите членки на ЦЕИ со цел поттикнување на економскиот развој, одржливиот раст и европската интеграција на регионот.