Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Бизнис

Азески: Остварлив е планот на владата за економски раст над 3 проценти

Проекцијата на Владата за раст од над 3 отсто во 2025-та е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекцијата на Владата за раст од над 3 отсто во 2025-та е остварлива. Македонија веќе не смее да потфрла на економски план и да се задоволува со само 1 до 2 проценти.

Според Стопанската комора парите кои ќе влезат во општините и бизнисот во форма на евтини кредити ќе поттикнат инвестициски циклус.

Оттаму се задоволни и од планираните капитални инвестиции од над 800 милиони евра, но велат дека мора да се внимава и на непродуктивните трошоци. 

Реклама

Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити на компаниите и да гарантира за нив за да поведат инвестициска активност, ако фирмите со намалување на банкарските камати во редовното работење добиваат таква шанса, ако капиталните инвестиции се дигнат на 800 милиони како што не биле досега и ако се проектираат дополнителни средства во Буџетот за економски програми кои лани биле 40, а годинава 80 милиони, тогаш можеме да очекуваме раст од 3,7 отсто, како што се прогнозира, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.   

Следната година проблем може да биде кризата во автомобилската индустрија во Германија која е најголем трговски партнер на Македонија. Таа може да се прелее и тука и да го намали обемот на производство во слободните зони, но инвеститорите уверуваат дека отпуштања нема да има.

Како Германска стопанска комора не ни е познато дека некој од германските инвеститори тука планира кратење на работни места. Овој период тие планираат да го искористат за тренинзи и обуки за своите вработени, но исто така и за да инвестираат во нови технологии и затоа организираат нова едукација за персоналот. Не радува дека германските инвестиции не се само во областа на автомобилската индустрија, туку има и други сектори каде што се инвестира и тие сектори не се загрозени, рече Антије Ванделт Директорка на АХК

Со слични проблеми се соочуваат и економиите во регионот. Дополнителна неизвесност има и поради доаѓањето на Доналд Трамп на власт во Вашингтон и неговите најави за дополнителни давачки за европските производи.

И покрај предизвиците, бизнисмените се оптимисти. Покрај евтините кредити кои наскоро ќе им бидат достапни, бараат во новата година да се засили борбата со сивата економија, да се поттикнат извозните компании и да се спорведе гасификацијата.