Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Аудито на Мерко не може да оди на аукција, се јави извршител заради долг од 2016 година

Пропадна продажбата на луксузниот автомобил на Рамиз Мерко. Аудито А6, симбол на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пропадна продажбата на луксузниот автомобил на Рамиз Мерко. Аудито А6, симбол на општинскиот комфор од минатото, наместо нов сопственик – доби извршител. Десет дена пред закажаната аукција за продажба на возилото со волан од змиска кожа, за кое Мерко своевремено искешира 67.000 евра, Општина Струга доби забрана да го продава. Возилото се најде на списокот на имот во извршна постапка, бидејќи повеќе субјекти кои со години не можеле да си го наплатат долгот ја тужеле општината. Па така, наместо купувачи, на општинската адреса се појавил извршител.

„Пописот на автомобилот Ауди А6 е направен на 6-ти март, со тоа доверителот стекнува заложно право. Должникот, во случајов Општина Струга, не смее да располага со овој предмет, ниту да го отуѓува. Наредната фаза која е во тек е проценка на автомобилот, а потоа истиот оди на продажба. До моментот на отпочнувањето на продажбата, Општина Струга може да го плати долгот. Во тој случај залогот престанува и општината може слободно да располага со автомобилот“, изјави Дејан Костовски извршител.

Преземањето на локалната власт Ќура го започна со потпишување на одлуката за продажба на аудито, чија проценета вредност изнесуваше 21.800 евра. Парите требаше да бидат наменети за набавка на комбе кое ќе им служи на општинската администрација, спортските клубови и на центарот за деца со посебни потреби.

Реклама

„Реализацијата на оваа одлука е попречена поради извршна постапка поврзана со долг наследен од 2016 година во вредност од околу 1,4 милиони денари. Поради каматите и пресметките што се вршат од 2018-та, овој долг во моментот изнесува околу 3 милиони денари. Исто така, факт е дека извршните постапки во Општина Струга се бројни. Овој случај е уште еден показател за тешката финансиска состојба која Општина Струга ја има наследено од претходните години“, велат од општина Струга.

Од општината брифираат дека долгот е направен за време на мандатот на Зијадин Села. Актуелниот градоначалник, во комуникација со засегнатите страни, ќе се обиде да го плати долгот и да го реализира планот за продажба на аудито, кое Рамиз Мерко го седна и на обвинителна клупа. Тој беше гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил 4 службени возила, меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.