Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Армиските „Скорпии“ го одбележуваат денот на 2. пешадиски баталјонv

Со воена свеченост и дефиле на единиците во касарната „Јане Сандански“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со воена свеченост и дефиле на единиците во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе биде одбележан денот на 2. пешадиски баталјон „Скорпии“ од составот на 1. пешадиска бригада, како и 30-годишнината од формирањето на единицата.

Припадниците на баталјонот ќе го одбележат и патрониот празник поврзан со формирањето на 14. македонска народноослободителна ударна бригада во селото Митрашинци, како и трите децении од возобновувањето на традициите на единицата во независна Македонија.

Според програмата, пред почетокот на свеченоста ќе биде положено цвеќе на спомен-обележјето „Македонија“ на влезот во касарната по што ќе следува воениот церемонијал, предавање рапорт и обраќања на командантот на баталјонот и претставници на Армијата.

Реклама

Во рамките на одбележувањето ќе бидат доделени стимулативни мерки, пофалници и награди за припадници на единицата, како и благодарници за институции и компании што придонеле за поддршка и афирмација на Армијата.