Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска на првиот ден од новата 2026 година беше во посета на Командата за обука и доктрини – КОД во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“. Притоа, се сретнаа и разговараа со новопримените 300 професионални војници меѓу кои и 26 девојки кои од понеделникот ја започнаа обуката.

Претседателката Сиљановска Давкова во обраќање им ја честиташене новата 2026 година со желба за многу успеси и просперитети на сите старешини и млади војници. Воедно им подари стотина книги од повеќе области, кои, како што рече, можат да им бидатод полза за  усовршување и едукација.

 -Ви посакувам многу здравје и успешно извршување на својата професија и се разбира посветеност бидејќи ако на љубовта и на интересот го додадате и трудот сигурно дека ќе станете перфектни, а потоа и офицери како луѓето кои ве едуцираат и со кои јас соработувам. Импресионирана сум од она што денеска го видов, се разбира добрите гласови брзо патуваат и јас речиси знаев се за оваа институција, но денеска преку излагањето на генерал Нуредини – командант на КОД, видов и како сето тоа функционира. Тоа што за мене е ново – видов како функционира хиерархијата и субординацијата што честопати ја потенцира началникот на Генералштабот, а е неопхпдна за вашето школување. Видов скоро се и сликата ми е скоро целосна – индивидуалната работа преку ракувањата со оружјата од понова и постара генерација, но и она како се гради визијата, мисијата и дека никој не може да ги избегне она што мене ми е едно од најголемите љубови во животот- професијата, потенцира Сиљановска Давкова.

Реклама

Претседателката е убедена профессионализмот, вербата дека вреди да се брани независноста и територијалниот интегритет на земјата е она што ја прави Армијата исклучително почитувана.  

-И кога слушате дека овде сте заради тоа што целосно верувате дека вреди независноста и територијалниот интегритет да се бранат, јасно ми е зошто е Армијата е институцијата што ужива најголема почит во државата. Убедена сум дека и вие за тоа ќе придонесете. Имајте успешна подготовка, а  гледате дека денес и времето е на ваша и моја страна кога и да дојдам во некоја касарна има сонце. Тоа има некоја поврзаност со мисијата што ја имаме сите ние-да создадеме пристојно место во кое војниците питомците, офицерите и оние со највисоки функции ќе бидат компатибилни, прифатени и препознаени во сите Армии и во сите мисии, потенцира претседателката Сиљановска Давкова.

Таа на младите професионални војници им посака успешно да ја завршат обуката и потоа успешно да се адаптираат онаму каде што ќе се усовршуваат, но и еден ден како нови стерешини на Армијата да стојат околу неа.

-Посебно им посакувам на жените во Армијата да покажат и докажат дека се исто толку компатибилни колку и мажите, дека имаат цврста решеност, дека имаат цврста волја, дека се љубопитни, дека знаат и дека нема цел и нема задача што не можат да ја извршат. На право место сте, покажувате и сами дека верувате дека оваа  е добар избор. Јас ве подржувам во изборот и ви посакувам успешна војничка кариера, рече таа посакувајќи им успеси на 26 -те девојки – професионални војници кои се на обука во велешката касарна, но и на сите припаднички во Армијата.

Воедно таа со генерал – мајор Сашко Лафчиски присуствуваа на мала показна вежба од страна на издресирано куче и кучиња од Центарот за одгледување и дресура на кучиња на Армијата, на која беше прикажано како открива динамит.

Таа се запозна и со Центарот за публикации и издавачка дејност на КОД кој досега има отпечатено вкупно 178  книги и стручни брошури поврзани со Армијата, а се запозна и со работата на библиотеките на гарнизоните на Армијата во земјава, кои имаат вкупно околу 160 илјади најразлични книги.

На крај од денешната посетата домаќинот Командантот на КОД, бригадниот генерал Лулзим Нуредини и врачи на претседателката Сиљановска Давкова највисока плакета на КОД.