Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Архиепископот Стефан богослужеше во храмот Свети Наум во Радишани

На празникот на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На празникот на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ и основоположник на словенското монаштво, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан денеска богослужеше и проповедаше на Светата Архиерејска Литургија во храмот посветен на Свети Наум во скопската населба Радишани.

Многубројниот верен народ којшто го беше преполнил храмот се причести со светите Христови Тајни. Празнични богослужби денеска се одржуваат во сите храмови на МПЦ-ОА. Празникот особено торжествено се одбележува во манастирскиот комплекс Свети Наум на Охридското Езеро.

Култот на Свети Наум е мошне силен кај охридските верници, кои секоја година на празникот во манастирскиот комплекс доаѓаат во голем број, да се помолат за своето и за здравјето на нивните најблиски, бидејќи се верува дека Свети Наум Охридски имал чудесна моќ на излекување и дека бил голем исцелител. Покрај православни верници на празникот на светецот бројни се и гости од странство, како и граѓани од другите вероисповести кои го почитуваат делото на Свети Наум Охридски.

Реклама

Свети Наум Охридски со Свети Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Учествувал во Моравската мисија, во Рим кон крајот на 867 или почетокот на 868 бил посветен во духовен сан, а по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија.

На брегот на Охридското езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба. Свети Наум освен по црковната дејност е познат и како македонски средовековен писател и културен деец.