Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Ангелова: УКИМ не треба само да реагира на промените, туку да биде институција што ги предвидува и ги насочува

УКИМ не треба да биде само институција што реагира на промените, туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

УКИМ не треба да биде само институција што реагира на промените, туку институција што ги предвидува и ги насочува – порача денеска ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Ангелова, на свеченоста по повод 77 години од постоењето на Универзитетот истакнувајќи дека иднината на УКИМ треба да се темели на европски модел на управување, дигитализација, интернационализација и зајакнување на автономијата и академската слобода.

Ангелова во своето обраќање нагласи дека 77-годишното постоење на УКИМ претставува „77 години труд, посветеност и верба дека знаењето е сила што може да го менува и да создава подобро општество“. 

– Тоа се илјадници приказни на млади луѓе што влегле во нашите амфитеатри со доза несигурност, а од нив излегле како лекари, инженери, правници, уметници, научници, но и како движечка сила на значајни општествени промени. УКИМ има долга и славна историја како државотворен универзитет во кој се создадени трајни вредности за нашето општество – рече Ангелова.

Реклама

Таа посочи дека универзитетите денес се соочуваат со повеќекратни предизвици – климатски промени, демографски промени, геополитичка нестабилност и забрзан технолошки развој, а вештачката интелигенција веќе го трансформира речиси секој аспект од човековото дејствување. Според неа, иднината на Универзитетот треба да биде заснована на поврзување на досегашните достигнувања со нова развојна ориентација усогласена со европскиот модел на управување во високото образование.

– Знаењето и информациите се подостапни од кога било, но тоа отвора нови прашања, односно како да се разликуваат веродостојни информации од дезинформации, како да се развива критичко мислење и етички пристап и како да се подготват студентите за работните места што сè уште не постојат… Целта е УКИМ да стане уште попрепознатлив по својата култура на дијалог, хуманистичките вредности и подготвеноста да биде предводник на промените. Во таа смисла, УКИМ не треба да биде само институција што реагира на промените, туку институција што ги предвидува и ги насочува. Токму тоа е суштината на универзитетската автономија, не само право на одлучување туку и обврска за дејствување во корист на заедницата – рече Ангелова.

Потсети дека во изминатиот период бил воспоставен комплетен систем на дигитални услуги за студентите и дека УКИМ е подготвен за воведување електронски индекс, а бројот на меѓународни проекти е тројно зголемен во рок од две години. – Станавме дел од алијансата ACROSS, која во 2025 година стана дел од европските универзитетски алијанси и го доби статусот европска алијанса, поддржана од Европската комисија – рече Ангелова.

На одбележувањето денеска присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека УКИМ во текот на своето постоење дал значаен придонес во развојот на државата преку кадрите што ги создавал.

– Чесно е да се каже дека во овие 70 години постоење Универзитетот има дадено значаен придонес во развојот на нашето општество преку кадрите што ги создава – доктори, адвокати, инженери, професори, научни работници, кои ја граделе оваа држава и дале значаен придонес – изјави Јаневска.

Таа се заблагодари за соработката со професорите од УКИМ и за нивната поддршка во реформските процеси и подготовката на новите законски решенија во областа на образованието.

– Искрено се надевам дека нашиот партнерски однос, кој го изградивме во овие две години, ќе продолжи и понатаму. Им благодарам на професорите од УКИМ за нивната соработка и поддршка на Министерството како во реформите што се спроведуваат во овој момент така и во сите други активности – рече Јаневска.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: