Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ангелов за двете заседи кај Карпалак

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по повод 25-годишнината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по повод 25-годишнината од настаните од 2001 година, преку објава на неговиот фејсбук профил се присети на двете заседи кај Карпалак, од кои првата била врз припадници на полициската единица „Тигри“, а втората, на 8 август 2001 година, врз колона армиски резервисти.

Ангелов наведува дека на крајот на јули 2001 година, вод од единицата „Тигри“ со четири оклопни возила „Хермелин“ и едно теренско возило „Пинцгауер“ бил упатен кон Тетовско за извлекување на опколена полициска единица.

Според неговото сведоштво, при минување низ месноста Карпалак врз колоната бил отворен силен оган од стрелечко оружје, минофрлачки гранати и рачни противтенковски фрлачи. Тој посочува дека припадниците на единицата успеале да се пробијат низ заседата и покрај оштетувањата на возилата и повредите што ги претрпеле.

Реклама

Во објавата Ангелов го издвојува дејствувањето на тогашниот командир на водот Васко Стамевски, возачот Раде Колев и припадникот на единицата Мите Глигоров, оценувајќи дека благодарение на обуката, тимската работа и оклопната заштита, сите специјалци останале живи.

Осврнувајќи се на настаните од 8 август 2001 година, Ангелов потсетува дека на истата локација во заседа била нападната колона возила со припадници на армискиот резервен состав кои се движеле кон тетовскиот регион.

Во нападот загинаа десет припадници на резервниот состав на Армијата: Ердован Шабаноски, Веби Рушидоски, Марко Деспотоски, Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Пеце Секулоски, Љубе Грујоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски и Нане Наумоски.

Објавата може да ја погледнете на следниот линк: