Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Ангелов во Париз на состанок на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, заедно со раководителот на Одделението за оператива и логистика во ДЗС, Ивица Наумовски, вчера и денеска во Париз присуствува на работни состаноци организирани од Координативниот центар за итен одговор при Генералниот директорат за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош при Европската комисија.

Како што соопшти ДЗС, главна тема на состаноците се „научените лекции од шумските пожари и пожарите на отворен простор на територијата на Европа во 2025 година, при што посебен акцент беше ставен на начинот на активирање на механизмот за цивилна заштита на ЕУ за наредната 2026 година“.

-Истовремено, се дискутираше и за подобрување на превенцијата како и подобар одговор и координација при шумски пожари и пожари на отворен простор. На состаноците говореа Жулиен Марион, генерален директор за цивилна заштита и кризен менаџмент на Франција и Микела Матуела, директор на Координативниот центар за итен одговор на ЕУ, информира Дирекцијата за заштита и спасување.