Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Ангелов се сретна со Клаус Михаил Грубер, полициски аташе во Амбасадата на Австрија во Македонија

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска се сретна со Клаус Михаил Грубер (Klaus Maichael Gruber), полициски аташе во Амбасадата на Австрија во Македонија. На средбата беа разменети мислења за досегашната билатерална, но и соработката во рамките на ЕУ-механизмот за цивилна заштита, во операциите за справување со пожарите, а и за време на ковид-пандемијата, при што идните чекори се во насока на продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете институции и држави.

Како што информираат од ДЗС, директорот Ангелов на средбата посочил дека во согласност со современите текови во доменот на справувањето со кризи, заштитата и спасувањето, се настојува да се продлабочи билатералната соработка помеѓу двете институции и држави. Истовремено, се заблагодарил на поддршката што Австрија ѝ ја дава на Македонија при справувањето со катастрофи од поголеми размери.

Австрискиот полициски аташе, Клаус Михаил Грубер, ја актуализира потребата од потпишување на меморандумот за соработка помеѓу Федералното министерство за внатрешни работи на Австрија и ДЗС за соработка во доменот на превенција од природни и предизвикани од човек катастрофи и за отстранување на последиците од нив.

Реклама

Инаку, посочуваат од ДЗС, текстот за меморандумот е подготвен во периодот од 2021 до 2022 година и ќе се ревидира и подготви за потпишување, што ќе биде во насока на продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете институции и држави.