Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува

По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се  подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители.  -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се  подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. 

-Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој пожар, не само денешниот, изјави Ангелов вечерва во гостување на една од националните телевизии.

Посочи дека секој ден низ државата има десетина помали пожари, но состојбата сè уште не е алармантна затоа што вегетацијата е сè уште зелена, дрвјата имаат доста количество вода и засега потешко се запалливи.

Реклама

-Сè уште не се масивни пожарите, но со престанок на дождовите, тревата се суши, станува лесно запаллива и од неа се палат ниската вегетација и шумите. Проблем е во јули и август кога има голем број пожари во еден ден. Лани рекордот беше 44 пожари во еден ден, а во 2024 имаше 66 пожари во еден ден – во почетокот на јули кога гореше Овче Поле. Максимално сме подготвени со човечки ресурси и опрема, но не може да биде доволно. И економски помоќни држави тешко се справуваат со пожарите во лето, истакна Ангелов.

Посочи дека ДЗС сега има 40-ина пренаменети специјални возила и три ер-трактори се сервисирани. Има четворица пилоти на ер-тракторите, но рече, договара млади пилоти кои ќе ги заменат тие што се во пензија. Соопшти дека има голем број пријавени на неговиот повик до пензионирани полицајци, припадници на армијата  и пензионирани пожарникари за возачи на специјалните возила и за оператори на пупми. Ги повикал, рече,  поради нивното искуство, а за справување со пожарите размислува во иднина да се направат тимови од млади луѓе. 

Ангелов, кој на чело на ДЗС дојде по раководењето на Центарот за управување со кризи (ЦУК), за ДЗС кажа дека ја затекнал во лоша состојба, особено нејзиното авиоодделение. 

-Со моето доаѓање во ДЗС, не знаев што попрво да фатам. Авиоодделението е во катастрофална состојба. Успеав многу работи да коригирам во оваа една година, но таму има уште многу работа. Има одреден број квалитетни луѓе, но тој број не е доволен. Дел од луѓето би рекол дека се заспани минатите 20-ина години, имаат многу поголем капацитет, но се навикнати да работат по линија на помал отпор, оцени Ангелов.

Во врска со иницијативата за спојување на ДЗС и ЦУК во една инститиција и здружување на нивните функции, Ангелов  кажа дека работната група во Владата работи на нацрт-верзија на законот за обединување на двете институции.