Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ангелов: Повеќе од 60 луѓе го гасат пожарот кај с. Белица во М. Брод, куќите нема да бидат загрозени

Пожарот кај селото Белица во општина Македонски Брод се уште е активен.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот кај селото Белица во општина Македонски Брод се уште е активен. Тимови на ЈП „Јасен“ и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и дејствуваат.

Во моментот, како што информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, има повеќе од 60 луѓе кои работат на терен и од страна на Скопје и од Македонски Брод. 

– Селото во никој случај нема да биде загрозено. Огнот е далеку од селото – изјави Стојанче Ангелов појаснувајќи дека тимови на ДЗС со пинцгауери и тимови составени од доброволци, дејствуват со дувалки и креираат противпожарни појаси на места кадешто огнот може да навлезе во квалитетна борова шума. 

Реклама

Фотографија од жители на с.Белица од пожарот во текот на ноќта  

На територијата на државата до 13 часот, според Центарот за управување со кризи, има 12 пожари, од кои пет се активни, пет се под контрола и два се изгаснати. 

Фотографија од жители на с.Белица од пожарот во текот на ноќта  

За стабилизирање на состојбата со пожарите дополнително се учекува позитивно да влијае и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје за врнежи. Од УХМР, пред половина част информираа за нестабилност во западните делови од која има поинтензивни врнежи во Кичевскиот регион и во северозападните планински предели е со правец на движење од југозапад кон североисток.