Реклама

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

Македонија

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително била побарана помош од екипи од Прилеп и Кавадарци.

На местото имало и екипа на Итната медицинска помош, бидејќи состојбата била многу лоша. Ангелов кажа и дека неколку од доброволните пожарникари од Битола вдишале чад.

Реклама

-Благодарение на храбрите пожарникари од Битола и Кочани, селото беше спасено, рече Ангелов, посочувајќи дека теренот бил тежок, со ридови и висока вегетација, а огнената линија била долга.

Во интервенцијата учествувале и доброволци од Битола, од кои дел се наголтале чад.  Ангелов предупреди дека без навремена интервенција огнот можел да помине низ селото, во кое има повеќе од 50 куќи и живеат повеќе од десет лица, меѓу кои и мајка со бебе.

Сериозна е состојбата и кај селото Палиград во Општина Студеничани, каде пожарот повеќепати бил ставен под контрола, но повторно се активира поради тешкиот терен, високите температури и силниот ветер. Таму се ангажирани професионални пожарникари од Скопје, возило „Пинцгауер“ на ДЗС и три „ер трактори“.

Активни пожари има и на териториите на Маврово-Ростуше и Кичево.

Ангелов повторно апелираше до граѓаните да бидат крајно внимателни, предупредувајќи дека една искра може да предизвика голема катастрофа.

Противпожарните екипи изминатото деноноќие успешно локализирале и изгаснале 23 пожари кои зафатија шумски површини, депонии, стрништа и сува трева во повеќе општини низ земјата.