Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Ангелов: И покрај дождот бројот на пожари на отворен простор не се намалува, граѓаните да пријават сомнително однесување

– Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека и покрај дождот, кој завчера и вчеравечер заварна на поголем дел од територијата на државата, бројот на пожари на отворен простор не се намалува и во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 31 пожар на отворен простор.

Анеглов во видеоизјава посочува дека карактеристично е тоа што во текот на вчерашниот ден повторно биле намерно подметнати и запалени два пожари на Китка и на планината Жеден и апелира доколку некој забележи сомнително однесување, да пријави на бројот 112.

Два од пожарите се големи и коишто зафаќаат поголема површина и се комплексни пожари за гасење. 

Реклама

Првиот голем пожар се наоѓа на територијата на Град Скопје, Општина Ѓорче Петров, во атарот на село Грачани и Никиштане. Овој пожар пред три дена од косовска страна навлезе на македонска страна. 

-Врз него овие денови дејствуваме и од воздух и од земја, но за жал сѐ уште е активен. Синоќа почна да дува ветер од насока од пожарот кон Град Скопје и чадот можеа да го почувствуваат скопјани од повеќето скопски општини. Чадот предизвика вознемиреност помеѓу поголем дел од населението на Град Скопје – информира Ангелов.

​Врз овој пожар, како што информира Ангелов, од рано утрово се дејство продолжија скопските пожарникари засилени со неколку огнени тимови на Дирекцијата за заштита и спасување со пинцгауери. 

-Тие работат по огнената линија, по самата линија на огнот, обидувајќи се истата да ја намалат. Од воздух поддршка дава еден армиски хеликоптер, еден полициски хеликоптер, како и два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Во овој момент слободно можам да кажам дека двете села Грачани и Никиштане не се загрозени од пожарот, иако кај населението постои одредена загриженост. Очекувам до доцна во вечерва овој пожар да биде ставен под делумна контрола – изјави Анеглов.

Вториот голем пожар се наоѓа на територијата на Општина Струга којшто граничи со Општина Дебар. На овој пожар работат струшките пожарникари, линијата на огнот е многу голема, пожарот се одвива на тешко пристапен терен, мешовита шума, некаде нискостеблести растенија, грмушки, трње, трева, но исто така е многу тежок за гаснење. 

-Во попладневните часови врз него ќе дејствуваме со ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување – појасни Анеглов.

​Анеглов, нагласи дека карактеристично е тоа што во текот на вчерашниот ден повторно беа намерно подметнати и запалени два пожари на Китка, еден на територијата на Општина Студеничани, еден на територијата на Општина Зелениково. 

-Благодарение на храбрата и пожртвувана работа на скопските пожарникари, овие пожари се изгаснати, но да укажам дека ваквото палење на разни пожари на територијата на Град Скопје ги расфрла нашите сили. Затоа апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни, со своето однесување да не предизвикаат пожар, но исто така да бидат внимателни и доколку забележат сомнително однесување, истото да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица или на било кој полицаец или пожарникар – изјави Анеглов. 

Ангелов, исто така, информираше и за уште еден активен пожар, кој е повторно запален во близина на селото Копаница, во подножјето на планината Жеден. 

-Минатите денови мака мачевме гаснејќи го големиот пожар којшто се одвиваше на оваа планина, но некој упорно и упорно повторно подметнува нови пожари од сите страни на планината Жеден, и од скопска и од тетовска страна – изјави Анеглов. 

Опасноста од пожари и понатаму е висока и Анеглов апелира на поголема внимателност, нагласувајќи дека „доволна е само искра за вистинска катастрофа“.