Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Андоновски: За прв пат закон за пристапност на лицата со попреченост до државните веб страници и апликации

Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за дигитална трансформација, денеска организираше јавна расправа за Нацрт-законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на институциите од јавниот сектор, на која министерот Стефан Андоновски, имаше поздравно обраќање.

Андоновски ја истакна целта на Владата за создавање на целосно инклузивно дигитално општество.

„Создаваме правна рамка што ќе им оозможи на лицата со попреченост, на лицата со оштетен вид, како и на повозрасните граѓани целосно и рамноправно учество во дигиталното општество.“

Реклама

На јавната расправа беа присутни претставници од државните институции, невладиниот сектор, меѓународните организации и академската заедница, демонстрирајќи го значењето на оваа законска регулатива за македонското општество.

„Овој закон е суштински чекор кон обезбедување целосна пристапност на владините веб-страници за лицата со попреченост. Ова е прашање кои со помош на технологијата, ќе овозможи основни човекови права и еднаков пристап до информации и услуги за сите граѓани”, истакна министерот Андоновски.

Законот, кој произлегува од Директивата на ЕУ 2016/2102, предвидува сеопфатни мерки за обезбедување пристапност, вклучувајќи лесна и разбирлива пристапност до содржината, оперативност на интерфејсот и одржливост на техничката имплементација. За следење на спроведувањето на законот, Министерството за дигитална трансформација ќе се посвети на усогласеноста, обезбедувањето обуки и издавањето технички упатства.

„Нашата визија е јасна – градиме дигитална држава во која секој граѓанин, без исклучок, ќе има еднаков пристап до информации и услуги. Овој закон е дел од пошироките заложби на државата за исполнување на задачите од Реформската агенда, Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост од 2011 година“, нагласи Андоновски.

„Знаеме дека овој процес бара време и ресурси, но ова е инвестиција во подобра иднина во која дигиталната трансформација навистина не остава никого зад себе. Иднина во која технологијата ги руши, а не ги создава бариерите”, заврши Андоновски.