Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: Воведуваме систем на СМАРТ лиценци – целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци за јавните институции

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци за јавните институции претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брза проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, транспарентност и проверлива трага.

Воведувањето на СМАРТ лиценци за јавните институции, според Андоновски, претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на услугите – наместо документ што се носи, фотокопира, препраќа и тешко се проверува се воведува модел во кој постои еден официјален електронски запис поврзан со код и електронски регистра што ја покажува точната моментална состојба.

– Со едно скенирање може да се провери официјалниот статус на лиценцата, дали е важечка, суспендирана, укината или во постапка. Тоа значи дека граѓанин, компанија, инспектор или друга институција не проверува стара копија или документ, туку ја проверува актуелната состојба. Со СМАРТ лиценците граѓаните добиваат можност за брза проверка на валидноста некоја лиценца, компаниите добиваат поголема доверба во правниот промет, намалена субјективност од администрацијата и помалку чекање во административни процедури, а институциите добиваат еден електронски регистар достапен во реално време со помалку хартија и барања за потврди и подобра инспекциска и јавна контрола – изјави Андоновски.

Реклама

Тој посочи дека досега немало начин да се провери валидноста, што сега ќе биде овозможено преку жив регистар до кој се пристапува со скенирање на код од лиценцата.

-Креиравме асистент кој е целосно дигитален и со скенирање на код ве носи до жив систем каде се наоѓа валиден електронски документ. Првиот пилот е имплементиран само во Министерството за дигитална трансформација за сите даватели на квалификувани и доверливи услуги – квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, аветнтичност на веб страници, електронски времени жигови, електронска препорачана достава, валидација и електронско складирање документи. Ова е модел што може да се употреби и во други институции. Во напредна фаза на тестирање што очекуваме да заврши до крајот на јуни сме со лиценците на Министерство за економија и труд за ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел. Но, не смее да остане само на ова и интенцијата е да се прошири на повеќе, изјави Андоновски.

Системот, како што посочи Андоновски, дел од документите ги влече по автоматизам, а дел се уште се закачуваат како електронски документи и се валидираат во процесот, се користи високо ниво на електронска идентификација со електронски потпис, а барањето се обработува во системот на министерството. Имаме база од 340 илјади корисници и целта е таа да се искористи и врзе со другите институции.

-Нашата цел е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи. Државата мора да обезбеди податоците да бидат точни, достапни, проверливи и безбедни. СМАРТ лиценците се еден многу конкретен пример како дигитализацијата носи реална вредност, помалку хартија, помалку бирократија, повеќе доверба, побрза проверка и поголема отчетност – нагласи Андоновски. 

Процесот, како што посочи Андоновски, нема да оди брзо и во сите институции одеднаш, но државата издава голем број лиценци, а системот е лесно прилагодлив и може да се употреби од лиценци за транспорт, логистика, осигурување, хотели, правосудство, животна средина, урбанизам, дозволи за градење.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: