Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Андоновски: СМАРТ-лиценците носат транспарентност и ефикасност

Системот за СМАРТ-лиценци, кој го разви Министерството за дигитална трансформација, веќе е функционален и носи поголема транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата – истакна министерот Стефан Андоновски. Тој појасни дека системот веќе се применува за лиценците што ги издава Министерството откако, како што рече, бил целосно подготвен и тестиран пред да биде презентиран пред […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот за СМАРТ-лиценци, кој го разви Министерството за дигитална трансформација, веќе е функционален и носи поголема транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата – истакна министерот Стефан Андоновски.

Тој појасни дека системот веќе се применува за лиценците што ги издава Министерството откако, како што рече, бил целосно подготвен и тестиран пред да биде презентиран пред јавноста и другите институции.

– Ова е проект кој веќе се спроведува во Министерството за дигитална трансформација. Почекавме системот да биде готов и да може да се тестира за потоа да го предложиме пред јавноста и да ги запознаеме и другите институции со него – посочи Андоновски во гостување на една од националните телевизии.

Реклама

Министерот информира дека преку Националниот портал за услуги веќе се аплицира за лиценци поврзани со доверливи услуги, како електронски потпис, електронски печат и временски жиг, нагласувајќи дека системот функционира успешно. Воедно, тој ја потенцира неговата улога во олеснување на процедурите и зголемување на довербата кај граѓаните и бизнис-секторот.

– Граѓаните треба да бидат сигурни дека доколку некој објект функционира, тој има важечка лиценца за соодветната дејност. Компаниите треба полесно да аплицираат и да немаат впечаток дека нивниот предмет се чува во фиока, а институциите треба да бидат поефикасни во меѓусебната размена на податоци – истакна Андоновски.

Додаде дека системот овозможува автоматизирано повлекување податоци што институциите веќе ги поседуваат, со што се избегнува повторно доставување на документи од страна на граѓаните и компаниите.

Следен чекор, според министерот, е проширување на примената на системот и во други институции за што веќе се работи во соработка со Министерството за економија и труд.

Андоновски посочи дека во тек е имплементација на системот за издавање лиценци за ноќни клубови, кабареа и ресторани, кој е во тест-фаза и се очекува да биде ставен во функција до крајот на јуни.

Тој изрази очекување дека ваквото дигитално решение ќе биде прифатено пошироко во институциите нагласувајќи дека станува збор за функционален модел, кој лесно може да се примени во разни области.