Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Андоновски: Реконструкција на градинката во Мелница и патот кон Врановци во општина Чашка

Кандидатот за градоначалник на општина Чашка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Андоновски, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Чашка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Андоновски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе работи одговорно и чесно за да општината има подобри патишта, водоснабдување, чисти и осветлени улици и реконструирани градинки за подобра просперитетна општина Чашка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите овие денови бевме меѓу вас — на вашите улици, во вашите домови, во секое маало и населено место, во секое село. Нашата цел е јасна: Чашка да живее подобро! Да има подобри патишта кои ќе ги поврзуваат селата, сигурно водоснабдување во секој дом, подобра канализација и уредена околина, чисти улици, осветлени населби, и услови кои ќе ги задржат младите тука, да создаваат, да работат и да градат иднина во своето место. Ќе се реконструира градинка во село Мелница, реконструкција на патот кон село Врановци, реконструкција на патишта во село Богомила и село Ореше, водоснабдување на жителите во село Лисиче, изградба на културен дом во општина Чашка итн“, рече Андоновски.

Кандидатот за градоначалник на општина Чашка истакна дека доаѓа нов почеток за општината, со конкретни дела и проекти кои ќе се реализираат и општина без поделби, без разлика на верска и национална определба.

Реклама

„Градиме општина во која луѓето се сплотени, поддржани и еднакви. Општина во која нема поделби, туку рамо до рамо стоиме сите — земјоделци, работници, пензионери, млади, стоиме сите без разлика на верска и национална определба. Единството е нашата најголема сила! Кога сме обединети, ниту една пречка не е преголема. Кога сме заедно, секој проект е остварлив, секоја идеја станува реалност. Денес Чашка е на прагот на нова страница. Страница која ќе ја испишеме со работа, одговорност и љубов кон нашето место. Ние не ветуваме празни зборови — ние ветуваме дела. Ветуваме дека секое ветување ќе стане проект“, вели Андоновски.