Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Андоновски: По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ – СМАРТ/МК2030

По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По осум години, Македонија ја доби националната стратегија за развој на ИКТ позната како СМАРТ/МК2030 која е патоказ како државата ќе ја оствари дигиталната иднина. СМАРТ/МК2030 е национален документ усогласен со Европската дигитална декада и Агенда за развој.

-Овој документ претставува патоказ за тоа како нашата држава ќе ја оствари својата дигитална иднина – усогласена со европските вредности и стандарди за Дигитална декада 2030, но и македонската визија и нашите домашни потреби, истакна Андоновски, додавајќи дека со неа стануваме активен дел од европската дигитална заедница која со сопствени знаења придонесува со решенија и иновации. 

Стратегијата се темели на четири столба – ИКТ инфраструктура, дигитални компетенции (дел во кој се предвидува до 2030 година најмалку 70 проценти од населението да има дигитални вештини), Е-владење и јавни услуги и вештачката интелигенција како четврти столб.

Реклама

Тој на прес-конференција во Владата посочи дека „СМАРТ/МК 2030“ е национален документ, дел од поширока европска дигитална агенда за развој. Како земја кандидат, Македонија ја прифаќа рамката на Европската дигитална декада, која предвидува четири цели до 2030 година: дигитално обучени граѓани и квалификувани ИКТ експерти, безбедна и поврзана инфраструктура, дигитализирани јавни услуги, дигитално интегрирани бизниси.

-Нашата стратегија директно ги следи овие европски приоритети. Таа ја зајакнува институционалната конвергенција со земјите членки, создава можности за учество во европските дигитални програми, и овозможува пристап до финансиски инструменти и техничка помош од Европската Унија. Со неа, стануваме активен дел од Европската дигитална заедница – како партнер што придонесува со сопствени знаења, решенија и иновации, рече Андоновски.

Министерот истакна дека стратегијата е придружена со Акциски план, кој ја претвора визијата во конкретни чекори. Фокусот е на брза имплементација, јасни индикатори и континуирана евалуација.

-Современата дигитална држава почнува со стабилна инфраструктура, нашата цел е секое домаќинство и секоја институција да имаат пристап до гигабитна мрежа и 5Г поврзаност по достапни цени. Со тоа ќе се затвори дигиталниот јаз меѓу градските и руралните средини и ќе се создадат услови до еднаков пристап до дигитални услуги и знаење. Во партнерство со приватниот сектор ќе се поттикнат инвестиции во оптички мрежи, центри за податоци и платфрми за облак што ќе биде основа за поголема интероперабилност безбедност и дигитална доверба, нагласи Андоновски. 

Тој додаде дека оваа стратегија е резултат на широк инклузивен процес кој траеше повеќе од една година, се одржаа десетици јавни расправи и онлајн консултации, а во нејзината подготовка беа вклучени над 300 експерти, институции, стопански комори, невладини организации, универзитети и претставници од ИКТ индустријата.

На прашањето дали со оваа стратегија ќе може да се очекува да се намалат цените на Интернетот во земјава, тој вели дека очекува да расте квалитетот на услугата и ќе се разговара со компаниите за да се обезбеди Интернет по пристапни цени.

-Со оглед на тоа дека се зголемува и бројот на оператори коишто нудат Интернет, и брзината со која што се нуди интернетот, планот на инвестиции во инфраструктура што ќе значи оптика до поголем дел од градовите и до најголем број од домаќинствата, очекувам да расте квалитетот на услугата, а со тоа оваа базична услуга која се нуди кај граѓаните таа се намалува во смисла на цена. Ние ќе работиме на дискусија со компаниите да обезбедиме Интернет по пристапни цени и не ја исклучуваме можноста како што имаме пакети што се однесуваат на мобилна телефонија од најранливите категории, такви пакети да имаме и за Интернет, но прво ќе работиме на пристапност, сакаме да имаме брз и супер брз Интернет да биде достапен во секој од градовите, а потоа ќе работиме на покривање на тој социјален јаз којшто може да се појави, одговори Андоновски.