Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во однос на најавите за укинување на роамингот на ЕУ со Западен Балкан, вели дека тоа не зависи од нас, туку од ЕУ, а оптимистичко сценарио тоа да се случи би можело да биде 1 јануари 2027 година.

– Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани.  Тоа сепак зависи од Европската Унија, рокот не зависи од нас, но би значело оптимистичко сценарио – роаминг од 1 јануари 2027 година, изјави Андоновски одговарајќи на новинарски прашања на настан посветен на конкурентноста, иновациите и дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан.

Тој потсети дека тоа е иницијатива на Европската Унија за намалување на трошоците за роаминг за граѓаните од Западен Балкан коишто ќе патуваат во Европската Унија и за граѓаните на Европската Унија коишто патуваат во земјите од Западен Балкан.

Реклама

– И покрај дезинформациите дека сме биле исклучени, направивме сериозни напори и државата ги донесе, ја донесе потребната регулатива за да ги примени четирите директиви и регулативи на ЕУ и да овозможи бесплатен роаминг за граѓаните од Македонија кога ќе патуваат во Европската Унија. Законите, последната измена на Законот за електронски комуникации е испратена на Европската комисија на мислење, утврдена е на Влада и испратена. По позитивното мислење од страна на ЕУ, ќе биде донесена и во Собранието, истакна Андоновски.

Додаде дека во меѓувреме ЕУ започнува преговарачки процес, а од наша страна беше побарано номинирање на преговарачи во тој процес.

– Веќе ги номиниравме и очекувам дека прецизниот распоред на рокови ќе биде утврден од наредната недела, по состанокот во Тиват помеѓу ЕУ и Западен Балкан и ќе бидат дефинирани роковите што се на страната на Европската Унија. Што ќе содржи овој процес? Ќе содржи одобрување на законот, преговори, а потоа потпишување на договор налик на договорот за стабилизација и асоцијација од 2000-тата година, ЕУ со секоја држава поединечно од Западен Балкан, за постигнување на овој ефект. Ние сме подготвени кон тоа да влеземе веднаш, но роковите секако ќе зависат од Европската Унија. Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа можност за нашите граѓани, заклучи Андоновски.